Пораст на нивото на водата во Охридското Езеро за четири сантиметри


Фото: Б. Грданоски

Нивото на водата на Охридското Езеро изминатите денови се покачи за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Водостојот на денеска се наоѓа на котата од 693,29 метри надморска височина, што е за 20 сантиметри пониско од просекот за март.

Независно врнежливото време изминатите денови, временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.

Температурата на водата е 9,5 степени Целзиусови, што е над просекот од 7,8 степени.