Вечерва протести во Скопје и Битола поради смртта на малата Јана


Починатото девојче Јана Христовска

Во Скопје и Битола вечерва од 19 часот ќе се одржат протести поради шестгодишната Јана, која почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија.

Протестот во Битола ќе се одржи на плоштадот Магнолија со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“, додека во Скопје ќе се протестира пред Министерството за здравство.

Организаторите велат дека целта на протестите е да се укаже на состојбите во македонското здравство, а повикот за протест е објавен на фејсбук.