„Мирот е скапа работа“: АРМ ќе се модернизира со 900 милиони евра


Северна Македонија предвидува дека до 2032 година ќе потроши најмалку 900 милиони евра за модернизација на Армијата. Предвидено е да го замениме старото оружје од советско и југословенско производство со ново и софистицирано западно оружје. Сумата не е фиксна, но е проценка на трошоците во наредните години, рече неодамна министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Линк […]

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието итно да избере два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација


Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на РСМ итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Јавниот оглас беше објавен на 15 февруари и траеше до 15 март 2023. Согласно член 18 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за избор […]

За архитектите, конфискација на дивоградби е психолошки момент, Лога и Бочварски ќе се запознаат со проблемот


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Иницијативата, нелегалните објекти наместо да се рушаат да се вратат во служба на граѓаните, ќе ја презентира пред ресорните министри за правда и транспорт и врски. Утре Герасимовски ќе се сретне со министерот за правда Кренер Лога, а во понеделник ќе оствари средба со министерот за транспорт и врски […]

Националниот парк „Галичица“ доби современа лабораторија за едукативни и мониторинг активности


 Јавната Установа „Национален парк Галичица“ од Охрид доби современа лабораторија, наменета за надополнување на активностите во полето на еколошка едукација и на работата на Националниот парк во редовните мониторинг активности. Станува збор за активности спроведена во рамки на проектот „Заштита на пештерските еко-системи и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните […]

Најстудено утрово на Попова Шапка и најмногу снег


На Попова Шапка утрово се измерени – 9 степени, – 5 во Маврови Анови, -4 во Крушево, -3 во Берово, -1 во Крива Паланка, а нула степени во Битола, Прилеп, Виница, Куманово. Еден степен е измерен во Тетово, Дебар, Штип, Охрид, Претор, Струмица, два во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, три во Дојран, четири во Демир Капија […]

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово


Во Основниот суд во Тетово денеска од 11 часот продолжува судскиот процес за пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.  Во судницата треба да продолжи сослушување на нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите. Минатато рочиште на 21 март сослушани беа универзитетските професори кои во предистражната постапка изработиле вешт […]

Пендаровски ќе ги прими акредитивите на новата германска амбасадорка Петра Дрекслер


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Петра Дрекслер. Таа доаѓа на местото на Анке Холштајн, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на Република Германија во Скопје од 2020 година. 

Студија „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“


Презентација на студијата „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“ ќе се одржи денеска во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје во организација на Институтот за демократија. -Оваа студија го анализира степенот на пропорционалност помеѓу распределбата на гласови и распределбата на пратенички места во македонскиот изборен модел. Преку споредба со 31 […]

Конференција „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ под покровителство на Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“, што ќе се одржи под негово покровителство.  На конференцијата, како што е најавено, воведно обраќање ќе има шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир.  Во рамки на првата панел-дискусија „Стратегија за Роми, тек и […]

Состојба на патиштата


6 април 2023  СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.   ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената […]

Колку споени викенди и неработни денови не чекаат?


Велигден  годинава е на 16 април, па така како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд. Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок, а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник. Во овој месец […]

Дел од општина Аеродром денеска без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и  амбулантата „Пролет“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-2 на улица „Никола Карев“ без број, кај паркингот.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не заврши санирањето […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 6 април 2023 година, 96-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 269 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 09 минути, а ќе зајде во 19 часот и 4 минута. Денов трае 12 часа и 56 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее […]

Груби назначен за координатор на изградбата на Коридорот 8


Владата го назначи вицепремиерот Артан Груби за координатор за следење на работите на Коридорот 8 со цел за нивна навремена реализација. Се наведува дека одлуката се должи на важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, како и на заедничките гранични контроли […]

Споменикот на Ќосето ќе се постави во Горно Лисиче?


Вчера на Советот на Општина Аеродром, нашата советничка група достави Иницијатива за поставување на споменикот на револуционерот Андон Лазов Јанев – Ќосето на територијата на општина Аеродром поточно во паркот во Горно Лисиче по барање и инсистирање на претседателот на советот, соопштија од Левица. Општина Аеродром ќе поднесе иницијатива до Собранието на РСМ за поставување […]

Инспекторите денеска направиле 250 контроли, откриле две прекршувања за замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот


Инспекторите од Државен пазарен инспекторат денеска извршиле над 250 контроли и надзори на цела територија на државата и регистрирале две прекршувања на Одлуката со која на 11 земјоделски производи им беа лимитирани цените. Како што соопштија од ДПИ, на прекршителите дополнително ќе им бидат издадени соодветни прекршочни платни налози. „Од контролите е заклучено дека производите […]

Штрковите се вратија во Ржаничино


 Здружението за заштита на животните, „Анима мунди“ соопшти дека жители на Ржаничино им се обратиле и побарале помош бидејќи штрковите кои од топлите краишта се вратиле во селото, се оневозможени да свијат гнезда и создадат семејства, поради замена на старите бандери со нови бетонски столбови од страна на ЕВН. – Стануваше збор за неколку пара […]

Собранието може да направи законски измени околу платите, велат од Уставниот суд


  Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа овие одлуки не забрануваат законодавецот, односно Собранието да направи законски измени кои потоа извршната власт ќе ги применува. Улогата на Уставниот суд е да изврши оценка дали законите се во согласност со Уставот, изјави денеска портпаролката на Уставен суд, Христина Беловска. За […]

Пакомак ги објави добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art“ 2023


Oбјавeни се добитниците на овогодинешниот конкурс „Trash for art 2023“ во организација на „Пакомак“ и „Нула отпад“. И оваа година конкурсот предизвика големо внимание кај креативците од различни категории кои учествуваа со навистина интересни дела. „Trash for Art“ како дел од иницијативата за чиста и здрава средина, кој веќе традиционално се одржува со години,  беше отворен за сите што сакаат да ја покажат својата креативност и да […]