Момчиња од Македонска Каменица, Саса и Пекљани загинаа во Италија


Министерството за надворешни работи на Северна Македонија информира дека синоќа, во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Република Северна Македонија.    -Амбасадата во Рим, како и Генералниот […]

Вселенската патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА


На празникот Цветници, свештеници на Охридската архиепископија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј. Удостојувањето се одржа на островот Имврос, под пастирско раководство на митрополитот на Имврос и на Тенедос, г. Кирил, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“, каде од рацете на патријархот Вартоломеј, а […]

Археолозите обвинија: Зад јавниот интерес се крие профитерска зделка


Претставниците од Македонското археолошко друштво (МАД) и ИКОМОС Македонија на денешниот собир пред Собранието испратија апел до пратениците да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство, со кои, како што велат, бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, а во име на „поголем јавен интерес‟, зад кој се […]

Герасимовски бара инвеститорите да донираат градинка кај поранешна „Треска“


Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. „Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите […]

Утрово најстудено во Лазарополе и Маврови Анови – 1 степен, најмногу дожд наврнало во Пожаране


Најниска температура утрово беше измерена во Лазарополе и Маврови Анови -1 степен, во Крушево 0 степени, во Берово, Крива Паланка и Претор два степени, во Прилеп, Битола, Охрид и Тетово четир, во Виница пет, во Струмица, Куманово и Штип шест, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец седум, во Демир Капија и Гевгелија осум степени. Најмно […]

Работна средба на Зелената група


Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (Зелена група) денеска ќе одржи работна средба со претставници на невладината организација „Еко-свест“ и Глобалниот еколошки фонд за Нацрт-законот за климатска акција и Фондот за животна средина.

Семинар за критичка психологија со Атанасиос Марвакис од Грција


Во КСП Центар-Јадро во Скопје денеска ќе се одржи семинар „Вовед во критичка психологија“ со проф. др. Атанасиос Марвакис од Грција. Како што соопштија од Центар-Јадро, семинарот на грчкиот критички психолог Атанасиос Марвакис е замислен да биде воведен дел од овогодинешната читачка група. На читачката група ќе се читаат дела од авторите Клаус Холзкамп, Јан […]

Облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер


Времето денска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје oблачно со […]

Потпишан Договор за соработка меѓу Гостивар и бугарскиот Етрополе


Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари и градоначалникот на општина Етрополе Димитар Димитров потпишаа Договор за соработка. – Овој договор е почеток во воспоставувањето односи кои во иднина ќе придонесат за размена на искуства и соработка во различни области, по неодманешната посета на Таравари во Етрополе, стои во соопштението на општина Гостивар. Договорот предвидува да […]

Кичевското село Белица е првата зелена комуна: Од јаглен се насочува кон одржлив развој


Кичевското село Белица ќе биде првата зелена комуна во земјава. Одржливото користење на ресурсите, зачувувањето на биодиверзитетот и намалувањето на влијанието на климатските промени кои ќе се имплементираат во Белица ќе послужат како модел за трансформација на целиот кичевски регион од јаглен кон зелен развој и чисти извори на енергија. Дел од активностите кои треба […]

Министерството за животна средина ги одзеде надлежностите на светиниколскиот градоначалник за депонијата кај Мечкуевци


Министерството за животна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, во врска со регионалната депонија, откако тој не ја прифаќаше предвидената локација. Од Министерството велат дека се одземени ингеренциите во делот на управување со заедничкото претпријатие, кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици, додека другите […]

Католиците го слават Велигден, честитки од Пендаровски, Ковачевски и Џафери


Верниците на Римокатоличката црква, кои се раководат според Грегоријанскиот календар, денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Честитки до католиците во земјава и во светот упатија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од […]

Охрид драстично поскапува: Ноќевање ќе биде и до 30 отсто поскапо


Охридските хотелиери ќе ги пречекаат гостите со услуги поскапени за над 30 отсто за претстојниот велигденски викенд, пренесува телевизијата „24“. Ова поскапување ќе се одрази на цените на ноќевањето во охридските хотели, кои го правдаат овој чекор со високите цени на производите, енергенсите, но и на повисоките плати за персоналот, што газдите мораат да ги […]

Умерен сообраќај по влажни коловози


– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

Цените на горивата паднаа, билетите во меѓуградскиот автобуски превоз останаа скапи [инфографик]


Цените на нафтените деривати на бензинските станици во земјава се стабилизираа, но цените на автобуските билети за меѓуградски превоз, и покрај поевтинувањето на горивата, остануваат високи. Приватните превозници не кажуваат зошто не ги намалат цените на билетите како што ги покачија кога вртоглаво поскапеа и горивата, а нивните здруженија ваквата состојба ја правдаат со „другите […]

Посебен сообраќаен режим на булевар „Илинден“ поради 11. Авицена женска трка


Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје денеска ќе се одржи 11. издание на Авицена женска трка. Стартот и целта на трката ќе бидат на булевар „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“. Се трча еден круг од три километри.  Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 9 април 2023 година, 99-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 266 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 04 минути, а ќе зајде во 19 часот и 8 минути. Денов трае 13 часа и 3 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 […]

Католиците го слават Велигден


 Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена  Воскресна литургија. На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници […]

Денеска е Цветници


 Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред […]