Герасимовски: Уривањето дивоградби не е секогаш решение


  „Ме радува тоа што Иницијативата за конфискација на дивоградби побуди голем интерес во јавноста. Мојата цел е да најдеме решение за бесправно изградените објекти преку широка дискусија од стручни лица“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во дневникот на Сител Телевизија. „Прво да отвориме јавна дебата да повеќе стручни лица дадат свое мислење. […]

Универзитетот ФОН доделува 20 стипендии за припадниците на ромската заедница


  По повод Меѓународниот ден на Ромите, Американскиот универзитет на Европа – ФОН доделува 20 стипендии на припадници од ромската заедница, од кои 10 стипендии за додипломски студии во времетраење од четири години и 10 стипендии за постдипломски студии. Сите заинтересирани кандидати за стипендии од АУЕ – ФОН можат да аплицираат со испраќање на биографија […]

И Левица смета дека со закон по брза постапка ќе се уништи културното наследство


  Собранискиот спикер Џафери закажа итна седница за понеделник, на која власта по скратена постапка сака да протне девет предлог закони, меѓу кои и Предлог-закон за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, реагира денес партијата Левица. -Очигледно дека во секој од овие закони намерата е иста и се однесува на „олеснување“ на процедурите […]

Археолозите „вчудоневидени“ што ќе се загрозува културно наследство заради коридорите


  Македонското археолошко друштво, археолошка фела и стручните лица во установите за заштита на културното наследство во текот на вчерашниот ден останаа целосно вчудоневидени од дрскиот Предлог на група пратеници во Собранието на РС Македонија за дополнување на Законот за заштита на културното наследство кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка. Ваквото законско […]

Иселувањето на Турците беше смислена политика: Интервју со историчарот Салим Керими


  Годинава се навршуваат 70 години од почетокот на масовното иселување на Турците и другото муслиманско население (Албанци, Торбеши и Бошњаци) од ФНР Југославија, а во тие рамки и од НР Македонија во а Турција. Во разговорот со Салим Кадри Керими, историчар и кариерен дипломат во пензија, тој објаснува како дојде до овој егзодус и […]

Голем број надградби и доградби во Тетово, ќе издржат ли посилен земјотрес?


Доколку се погледнат постарите згради во Тетово се забележува дека ретко која нема надградби и доградби, па оттаму се наметнува прашањето дали тие претставуваат опасност за објектите особено при појава на земјотрес. Стручните лица од областа на градежништвото и архитектурата со кои разговаравме велат законски и според правилата можно е да се изградат квалитетни доградби […]

За Мерко дивоградбите не се коли за да се конфискуваат од државата


Предлогот за конфискација за дивоградби, место нивно уривање со внимание се следи во Охридскиот регион, кој е под лупа на УНЕСКО и има обврска што поскоро да го реши овој горлив проблем. Додека за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ваквата идеја е прифатлива за одредени делови на градот, но не и за крајбрежјето, првиот човек на Струга, […]

Д-р Шенол Тахир: Здравството не се поправа со декларативни изјави


Се додека прокламативно  „оние што се на власт божем го опоравуваат здравството, а оние што се во опозиција божем кога ќе дошле на власт би го оправиле истото, нема да стасаме до никаде“, порача во интервју за МИА доктор Шенол Тахир, дигестивен хирург во  Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” . Според него, потребна […]

Преку ден сончево и облачно, попладне дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). […]

Јовески: За „Бехтел и Енка“ се побарува документација


 За случајот „Бехтел и Енка“ од надлежните институции се побарува одредена документација, а се преземаат и други доказни средства, но во овој момент не може да се соопштат повеќе детали, рече вечерва државниот обвинител Љубомир Јовески. Во гостување на телевизија Телма, Јовески напомена дека Обвинителството за сите пишувања или коментари во медиумите не е добро […]

Учениците жртви на булинг ќе имаат психолошка помош во Кисела Вода


На денес одржаната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Кисела Вода, промовираана е првата од сетот мерки која од денес им стои на расплагање на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски. Имено, од денес функционира телефонската линија 078/358 – 639   На оваа линија, жртвите може да добијат поддршка од тим […]

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје


АМСМ соопшти дека е блокиран и се пренасочува сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од […]

Интензивно се гради клучката кај Момин поток


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изврши увид во реализацијата на проектот за изградба на клучка на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со булевар „Осми Септември“. Како што информираат градските власти, ова е еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти кои се во тек во Град Скопје и се одвиваат согласно предвидената динамика. – […]

Граѓаните селектираат шишиња и лименки за да добијат поени за пазарување во маркетите


Новите вендинг машини за селекција на лименки и пластика во скопските маркети привлекоа огромен интерес на граѓаните од Скопје и Тетово за селекција на отпадот. „Пакомак“ постави 25 нови вендинг машини во маркетите на Тинекс и ВЕРО во Скопје, како и 2 машини во ВЕРО во Тетово. Познатиот принцип од западноевропските земји за селекција на […]

Светски ден на здравјето: 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат за неколку години


За неколку години, 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат. Се соочуваме со кризна состојба во иднина, па затоа треба да ги подобриме условите за здравствените работници, да им се зголемат платите, условите за работа. Оти ако не им се допаѓаат условите, тие си заминуваат и тоа во Северна Македонија се случува. Освен тоа, […]

Петровска, Столтенберг и Агелер со иста порака од Одбранбениот форум 2023


Симбиозата помеѓу одбраната и Армијата, од една и академската заедница и невладиниот сектор од друга страна, геополитичката реалност и важноста на членството во НАТО и развојот на одбраната и Армијата беа темите на кои говореше министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот прв Одбранбен форум, организиран од Министерството за одбрана. На форумот свое воведно обраќање […]

Најавена забрзана интеграција на Ромите во сите општествени сфери


Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан во Владата, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, на тема „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“ порача дека неговата лична заложба, како и заложбата на Владата, е да се изгради општество еднакво и кохезивно, во кое граѓаните и заедниците ќе се чувствуваат […]

Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти


Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда. Како што посочуваат од Министерството, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде […]

Министерот Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор


Министерот за здравство Фатмир Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор, кои, според него, ќе следат откако другите здравствени установи под капата на Министерството ќе се изјаснат кој кадар им е потребен. Министерот на денешниот собир на тема „Здравје за сите“, по повод на Светскиот ден на здравјето одржан во Скопје, рече дека во тек […]

Ученици од Прилеп изработија навлаки за перници за старечкиот дом


Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп денеска донираа 120 навлаки за перници, кои сами ги изработиле, во рамки на наставата, на штитениците од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во нивниот град. Учениците од насоката Техничар за изработка на облека, на иницијатива на нивната професорка Јулијана Поповска, изработија навлаки за перници од […]