Слаб снег во Маврово, на планинскиот премин Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, а на планинскиот премин Ѓавато има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“, но тие во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Оттаму посочуваат …

Слаб снег во Маврово, на планинскиот премин Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот Read More »

Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски


Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз во Скопје или во кој било друг град во државата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“ што се одржува втор ден во Скопје. Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу ситуацијата со приватните превозници и Град Скопје, рече дека се работи …

Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски Read More »

На пациент со Алцхајмер не му доделуваат нега од друго лице, му рекле можеш сам


Осумдесет и двегодишниот Добре Лазевски од Скопје, кому му е дијагностицирана деменција со Алцхајмер, како и Алцхајмерова болест во напредната фаза, не му е потребна нега и може сам да се грижи за себе. Ваква одлука донела Комисијата на јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје-Карпош, која му ја укинала помошта од 4.711 денари. …

На пациент со Алцхајмер не му доделуваат нега од друго лице, му рекле можеш сам Read More »

Неделава студено, од четврток умерени врнежи претежно од снег


Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. В четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и в сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, в петок и за …

Неделава студено, од четврток умерени врнежи претежно од снег Read More »

Ковачевски: Работиме да нема зголемување на цената на струјата


Премиерот Димитар Ковачевски на вториот ден од годишната конференција „Година на нови можности“ нагласи оти Владата работи на тоа да нема зголемување на цената на електрична енергија, а во некои сегменти, како што најави, може да има и намалување. – Претпоставувам во наредниот период, и работиме на тоа да нема зголемување на цената на електричната …

Ковачевски: Работиме да нема зголемување на цената на струјата Read More »

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро


За еден сантиметар во споредба со вчера е зголемен водостојот на Преспанското Езеро со што нивото му е за 1,8 метри пониско од повеќегодишниот просек за јануари. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), понизок од просечниот и тоа за 11 сантиметри е и водостојот на Охридското Езеро кој е ист со …

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро Read More »

Пакомак: Користењето на повратните вендинг машини носи придобивки за сите


Навиките на луѓето не се менуваат лесно, но доколку успееме да ги увериме дека навиките ги менуваме за доброто на сите, можеби поголем број од нив ќе решат да направат промена и да ги прифатат новите практики, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак. „Сега засега, главната причина зошто луѓето не ги …

Пакомак: Користењето на повратните вендинг машини носи придобивки за сите Read More »

На Попова Шапка 74 сантиметри снег


Утрово е најстудено на Попова Шапка, -8 степени, а има и најмногу снег, 74 сантиметри. Како што соопшти УХМР, до 08:30 часот се измерени -6 степени во Берово, -5 во Маврови Анови, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Крушево, -3 во Тетово, -2 во Скопје – Петровец, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница и …

На Попова Шапка 74 сантиметри снег Read More »

(Во живо) Втор ден „Година на нови можности“


 Годишната конференција „Година на нови можности“ што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“. На овој, прв панел, обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Транспаренси интернешнал: Македонија на 85-то место според индексот на корупција


Северна Македонија e рангирана на 85 место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси интернешенел. Во однос на лани земјава напредувалата за една позиција. Северна Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја. Од државите во регионот, најдобро …

Транспаренси интернешнал: Македонија на 85-то место според индексот на корупција Read More »

Сојузот на средношколци бара решавање на проблемот со професори во Математичко-информатичката гимназија


Побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија бидејќи е апсурдно учениците од ова училиште да имаат по само еден до два часа дневно, реагира Сојузот на средношколци. Од таму велат дека непречениот образовен процес е уставно и законско право она секој ученик и државата истото мора да го почитува и запазува, како и дека …

Сојузот на средношколци бара решавање на проблемот со професори во Математичко-информатичката гимназија Read More »

Трибина „Граѓанственоста денес: Француски и македонски предизвици“


  „Граѓанственоста денес: Француски и македонски предизвици“ е насловот на трибината што ќе се одржи денеска во Даут Пашин Амам во Скопје, а се организира по повод објавувањето на едицијата „Социологија на граѓанственоста – една француска триологија“, приредена и преведена од француски на македонски јазик од проф. д-р Ило Трајковски. Поздравно обраќање на трибината, како …

Трибина „Граѓанственоста денес: Француски и македонски предизвици“ Read More »

Времето денеска променливо облачно со слаби врнежи од снег


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, а локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо …

Времето денеска променливо облачно со слаби врнежи од снег Read More »

Промовирана монографијата „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“ на Борјан Јовановски


  Соживотот, побратимството и заемното почитување помеѓу населението во Преспа е главната тема во најновата монографија „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“ во која авторот Борјан Јовановски ги пренесува приказните на неколку семејства, побратимени со генерации. Јовановски на денешната промоција на монографијата којашто се одржа во Скопје, ги сподели искуствата со кои се соочил …

Промовирана монографијата „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“ на Борјан Јовановски Read More »

Сквадронот за обука и тренинг на Армијата прерасна во официјален НАТО Центар за обука на воени пилоти


  Армискиот Сквадрон за обука и тренинг, попознат како Центар за обука на пилоти, од денеска се приклучи на центрите за обука на пилоти во Чешка и во Италија, како официјален НАТО центар кој е дел од структурата за летачка обука на Алијансата во Европа. Како што информираат од Министеството за одбрана, со приклучувањето на …

Сквадронот за обука и тренинг на Армијата прерасна во официјален НАТО Центар за обука на воени пилоти Read More »

Зеќири се разболел: Одложено рочиштето против поранешниот генерален секретар


Денешното рочиште во Кривичниот суд против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се одложи затоа што обвинетиот се разболел. На судењето требаше да се сослуша сведокот Петко Димитриев од Бугарија, како и вештото лице Кире Костов, меѓутоа рочиштето мораше да се одложи и следното ќе се одржи на 7 февруари. Судењето почна во декември …

Зеќири се разболел: Одложено рочиштето против поранешниот генерален секретар Read More »

Училиште од Ѓорче Петров доби техничка опрема преку која ќе учат за важноста на животната средина


Градоначалникот на Ѓорче Петров денеска заедно со преставниците од GLOBE го потпишаа Договорот за трајно користење на опремата за спроведување на GLOBE Програмата, светски проект според кој учениците учат за важноста на животната средина преку секојдневни мерења и набљудувања. -ООУ „Мирче Ацев“ е едно од 27 – те основни и средни училишта во државата што …

Училиште од Ѓорче Петров доби техничка опрема преку која ќе учат за важноста на животната средина Read More »

Трајанов предлага формирање на македонски ФБИ


Демократскиот сојуз предлага формирање на нова независна агенција која ќе открива тешки кривични дела од организиран криминал,ќе го открива криминално стекнатиот имот на политичарите, ќе предлага конфискација на имот и забрана за политичко дејствување. „Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме …

Трајанов предлага формирање на македонски ФБИ Read More »

Нефи Усеини поднесе оставка од советничкото место во Охрид


Советот на Општина Охрид на денешната дваесет и втора седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини. Претседателот на Советот Сашо Донев посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини. – Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев, јавувва Охрид њус. Советот чека официјален допис од Општинската …

Нефи Усеини поднесе оставка од советничкото место во Охрид Read More »

Арсовска стави клуч на салата, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат по улици и паркинзи


Вистинска голгота преживува ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров од истоимената скопска населба откако во вториот дел од ракометната македонска прва лига останаа без сала за своите тренинзи и натпревари. Спортската сала во средното училиште „Кочо Рацин“ која со години ја употребуваа, веќе не им е достапна, откако градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје решија да …

Арсовска стави клуч на салата, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат по улици и паркинзи Read More »