Асфалтиран крак 38 на „Македонско-косовска бригада“, децата има каде фудбал да играат


Денес се завршија градежните работите на крак 38 на улицата Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари.

По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот.

Завршени градежните работи на улица Македонско Косовска Бригада, во општина Шуто Оризари

Град Скопје, планира на овој потег со меѓуопшитнска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на краците 49 и 50 што се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години.

Завршени градежните работи на улица Македонско Косовска Бригада, во општина Шуто Оризари

Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.