​Аеродром – прва општина која воспоставува организиран систем за собирање електронски отпад


Во соработка и партнерство со „Нула отпад“, Аеродром станува и првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад, а граѓаните и компаниите добиваат локации на кои ќе можат да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови.   „Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, […]

Ден на културата во сообраќајот, апел за законско, етичко и толерантно однесување


Да го почитуваме секој учесник во сообраќајот, да бидеме внимателни, одговорни и толерантни, и преку сопствениот пример да придонесеме за развивање на културата и безбедноста во сообраќајот, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод „Денот на културата во сообраќајот“.  Инаку, 11 мај во светот традиционално се празнува како „Ден […]

Ќе се чистат езерцата во Градскиот парк, не фрлајте отпадоци!


 Согласно Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, отворените канали, езерца и канали во градскиот парк, по налог на Град Скопје екипи на јавното претпријатије „Улици и патишта”  започнуваат со активностите за комплетно чистење на каналите и езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, кои не се чистени околу […]

Изложба „Експериментален цртеж“ во уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје


Во уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје вечерва со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“. Од Друштвото на ликовни уметници информираат дека на изложбата учествуваат 30 уметници и тоа Ана Ивановска, Ангелца Стоиљковиќ, Аница Китановска, Ацо Таневски, Валентина Илијевска, Вања Дуза, Виолета Чапоска, Гордана Вренцоска, Дејан Иванов-Маргуш, Ѓорѓи Динев, Златко Глигоров, […]

Без вода дел од булеварите „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и амбуланта „Пролет“


Поради дефект на приклучна цевка на булеварот „Никола Карев“ број 9 во населба Центар, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од овој булевар, како и „Трета македонска бригада“ и амбуланта Пролет, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до санирање на дефектот. 

Без струја делови од Аеродром и Кисела Вода


Без струја денеска ќе бидат делови од Аеродром и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во периодот од 9 до 13 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Тодор Чангов“ – улица 22 во општина Аеродром, додека, од 9 до 12 часот, струја ќе нема на улицата „Караџица“, дел од […]

Променливо облачно со повремени врнежи


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо […]

Дваесет пријави за насилство пристигнале до МОН


Министерството за образование и наука (МОН) пред неколку дена отвори посебни електронски адреси, каде што може да се пријави врсничко насилство, а досега на мејлот стигнале 20 пријави, објави „Телма“. Министерот Јетон Шаќири кажа дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што се преминува кон […]

Недостасуваат 50 отсто од кадарот на медицински сестри


Недостоинствен е статусот на медицинските сестри во државава и час поскоро треба законски да се регулира. Ако се додаде и огромниот одлив на медицинскиот персонал, што значи недостасува 50 отсто од кадарот, ситуацијата станува алармантна, посочуваат од Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ), од денешнот прв симпозиум на медицинските сестри […]

Десет тужби за надомест на штета поради каснување од куче за четири години во Кавадарци


 Десет тужби за надомест на штета поради каснување од куче, биле поднесени во кавадаречкиот суд, за изминатите четири години. Ова го потврдија за МИА од Основниот суд. – Во период од 2019, заклучно со 2022 година, пред овој суд се поведени 10 судски постапки по тужби на физички лица, за надомест на штета од каснување […]

УНИЦЕФ повикува на итни активности за поддршка на менталното здравје на децата во училиштата


Претставници од УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, денеска имале средба со тим од професионалци и експерти за ментално здравје за да разговараат за итни активности коишто ќе обезбедат дополнителна поддршка на децата во последните шест недели од оваа учебна година. Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје информира дека состанокот […]

Платите на вработените во здравствените установи зголемени до 3.000 денари


Покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари и 2.000 денари ќе добијат сите вработени во јавните здравствени установи, одлучи Владата на последната седница. Оттаму информираат дека министерот за здравство Фатмир Меџити ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните […]

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушуваните материјали


  Уставниот суд одлучи да не поведе постапка по иницијативите на Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје, во врска со прислушуваните материјали. Како што инфомираат оттаму, Судот оценил дека членот 110 од Законот за Јавното обвинителство не е во спротивност со Уставот и одредбите на кои се повикуваат подносителите.  […]

Над 200 деца вакцинирани во рамки на кампањата „Од врата до врата“ на МЗ и СЗО


Досега над 200 деца се вакцинирани на лице место за пропуштени рутински вакцини и се поделени повеќе од 4.000 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април, како дел од Европската недела на имунизација 2023 година и се реализира […]

И тетовски основци правеле список со ученици и закани


  СВР Тетово информира дека нивни службеници и претставници на соодветни служби извршиле разговор со 11 годишни ученици, откако добиле пријава дека децата оставиле лист хартија во тоалет со напишани имиња на други ученици и напишани закани кон нив. Станува збор за ученици во основно училиште во градот. -Денеска (10 мај), во присуство на нивните […]

Промена на рутите и целната локација на дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“


  Дефилето на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот што ќе се одржи во сабота, 13 мај 2023 ќе започне во 11:00 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотел Холидеј ин и на мотоциклистите во 11:30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе […]

Битолчани го чекаат автопатот, но бараат и транспарентност


  БИТОЛА – Битолчани со децении очекуваат автопат на релација Битола – Прилеп. Новиот автопат ќе значи и нови можности за поврзување со Скопје и другите делови од државата. Најавите за изградба на автопатот го следат многу нејаснотии и контроверзии, но граѓаните велат дека недокажана корупција не смее да ја спречи изградбата на автопатот.   […]

Законите за коридорите ја поминаа првата етапа во Собранието


  Измените и дополнувањата на петте закони со кои што Владата сака да ја премости блокадата во Собранието за реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д денеска се најдоа пред пратениците, при што уште еднаш дојде до израз поделбата меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата. За пратениците од опозицијата станува збор за грубо […]

Јолевски бара повеќе надлежности за Советот на јавни обвинители, а нема резултати и со сегашните


Министерот за правда Кренар Лога денеска одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем. Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста на Советот на јавни обвинители во делот на одговорноста и […]

МТСП: Законите важат за сите, градоначалниците на општините Велес и Гази Баба имаат должност да ги почитуваат


Министерството за труд и социјална политика ги демантира медиумски излагања на градоначалниците на општините Гази Баба и Велес за наводни политички игри и поддршка на незаконито работење на градинките во овие општини.  Министерството за труд и социјална политика има надлежност да врши надзор на работата на градоначалниците и Советите на општините во областа на детската […]