Пуштање во употреба на реновиран оддел во Клиниката за детски болести, донација од Комерцијална банка


На Универзитетската клиника за детски болести во Скопје денеска ќе биде пуштен во употреба реновираниот Оддел за ревматологија и кардиологија, со донација од Комерцијална банка АД Скопје.

На настанот предвидено е да присуствуваат министерот за здравство Фатмир Меџити, в.д. медицинскиот директор на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. организацискиот директор Аркин Јахији, како и главниот финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Маја Стевкова Штериева.