Пендаровски ќе додели повелби на хуманитарни организации и личности


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во неговиот Кабинет ќе го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на три организации и на четири личности кои со нивната работа и посветеност дадоа огромен придонес за социјализација и остварување на човековите права и слободи на лицата со хендикеп, за помош и поддршка на обесправените и угнетените, за грижа и воспитување на децата, за подигање на свеста за ракот, за унапредување на родовата еднаквост, за подобрување на меѓуетничките односи, како и за афирмација на нашата земја на меѓународно ниво.

Признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ ќе се додели на „СОС Детско Село“, на Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“, на Движењето против хендикеп „Полио Плус“, на Биба Додева, на Ленче Здравкин, на Савка Тодоровска и на Ристо Донев.