Дел од наставниците на протест – бараат да не се спојуваат предметите и да им се зголемат платите


Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест, како што нагласија, во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори. Протестот започна напладне од Жена парк, а учесниците пешачеа до зградата на Министерството за образование и наука, каде одржаа говори. […]

Воздухот, водата, климата не препознаваат граници


Како дел од министерскиот панел на тема „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, што се одржа на првиот ден од Неделата на одржлив развој во Приштина, Р. Косово, министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова нагласила дека меѓународната и регионалната соработка се […]

Вечниот оган во Скопје ем згаснат, ем канта за отпадоци


Очајна е состојбата со сите споменици во центарот на Скопје, но она што може да се забележи во паркот „Жена борац“, спроти Собранието, е дека им се нашла и „пренамена“. Имено, вечниот оган, кој е трет дел од споменикот на паднатите херои, е згаснат и тоа со шприц, а околу него празни лименки и други […]

Македонија напредуваше во извештајот на Фридом хаус за државите во транзиција


  Напредок од едно место, но сепак напредок. Македонија во извештајот на Фридом хаус за државите во транзиција за 2023 гдоина постигна скор од 48 поени од можни сто. Лани државата имаше 47 поени. Таа е и понатаму во групата транзициски или хибродни режими. Ова зголемување на поените се должи на тоа што рејтингот за […]

Герасимовски: Центар е најтранспарентна од сите скопски општини


Општина Центар е најтранспарентна од скопските општини според индексот за проактивна транспарентност на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, соопштија денеска од Општина Центар. Имено, Агенцијата вчера го објави Извештајот за извршената проверка на објавените документи и информации од општините и центрите за развој на плански региони во […]

МОН: Ново основно училиште во село Чифлик во Сопиште


 Владата на последната седница даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Дитурија“ во село Чифлик, Општина Сопиште. Како што соопштија од Министерството за образование и наука, училиштето ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во село Ракотинци. Во состав на новото училиште се планира да бидат и […]

Со концерт на млади уметници започна манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“ во Рим


   Со концерт на младите и талентирани уметници Гоце Златев на пијано и Магдалена Дрмач на виолончело, ученици од трета година во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“, во  салата Балдини, вчера во Рим започна културната програма во рамки на  традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“. На концертот, на кој присуствуваа и членовите на […]

Тетово е најзадолжената општина во Македонија


На новата должничка листа, во првите „50 најзадолжени“ се наоѓаат шест општини и Град Скопје и нивните обврски се бројат во милиони евра. Не само општините, големи суми на долгови пријавиле и јавни претпријатија основани од самите локални власти, пишува Порталб.мк. Во првиот квартал од годинава новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека вкупниот […]

Ковачевски: Духовно-просветителското наследство на светите браќа Кирил и Методиј има безвременско значење


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители,светите браќа Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, членовите на Светиот архиерејски синод на  Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ценетото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници […]

Али Ахмети на македонски јазик го честита празникот Свети Кирил и Методиј (видео)


Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, со видео порака на македонски јазик го честита денешниот празник Свети Кирил и Методиј. „Во духот на мултиетничкото оопштество во кое заедно живееме, да се потсетиме на овој важен ден дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонски јазик на […]

„Тиквешка ракијада 2023″ во Вински музеј во Кавадарци


„Тиквешка ракијада 2023″ ќе се одржи денеска во Вински музеј Кавадарци, во чест на најдобрите жестоки пијалаци. На фестивалот со музички хепенинг и дегустирање на производи од грозје, ќе бидат доделени награди на најдобрите производители на ракии, откако од стручни лица беа оценети мостри од производите, испратени по јавниот повик на оваа меѓународна манифестација.  – […]

Џафери кај папата Франциск: Нашите земји се поврзани преку важните личности од заедничкото минато


На аудиенцијата кај папата Франциск, му ја честитав 10-годишнината од Понтификатот и му посакав долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност, напиша претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери на неговиот фејсбук профил. – Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато – нашата Скопјанка […]

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј


– Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Најискрено, вели Пендаровски во честитката, Ви посакувам големиот празник да го поминете пред сè во добро здравје, исполнети со љубов, среќа и радост.  – Поставувајќи ги темелите на писменоста и духовноста кај словенските народи, […]

Атанасовски: Во случај на поголеми штети на мостот „Беласица“ немаме фирма која е во можност да ја утврди фактичката состојба


Еден од консултантите на мостот „Беласица“ професор Санде Атанасовски, во интервју за МИА оценува дека доколку пожарот оставил големи последици на мостот следи долгогодишна санација, но за утврдување на фактичката состојба во овој случај ниту една фирма во земјава нема доволно искуство ниту пак соодветна апаратура. Пензионираниот професор од Градежниот факултет во Скопје, Атанасовски, има […]

Приватните превозници денеска се враќаат на скопските улици, еве на кои линии ќе возат


Приватните автобуски превозници, по долгогодишна пауза од денеска повторно започнуваат со сообраќање низ скопските улици откако вчера постигнаа нов договор со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Веста беше објавена на фејсбук страната на ЈСП Скопје каде што се наведува дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и од утре тие повторно ќе почнат да сообраќаат […]

Можност за финансиска поддршка за формирање на енеретски задруги


Институтот за развој на заедницата ИРЗ во соработка со организацијата Solare Zukunft од Германија, и со финансиска поддршка од Германската Фондација за заштита на животната средина (DBU) отпочна со реализација на програмата за помош и поддршка за формирање на енергетски задруги во Македонија,  соопштија од ИРЗ. Во текот на имплементација на проектот, предвидени се повеќе […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, ќе има синдикален протест


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре во периодот од 12:00 до 14:30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на Град Скопје. Протестот ќе се одвива со траса на движење од Жена-парк на улица „11 Октомври“, преку улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“ и […]

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј


Со повеќе настани под мотото „Писмото е нашиот универзум“ денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Чествувањата […]

Температурата ќе достигне и до 30 степени, но попладне можен локален пороен дожд


Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната […]