„Нина е херој на своето време“: Кардула направи постер за девојчето со крофните од Нови Сад
Нина Нинковиќ го крена регионот на нозе, откако реши да продава крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот болен татко.
Македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула создаде постер за малата Нина, а во разговор за „Блиц“ вели дека девојчето е херој на своето време.

Лани, летото, Кардула воодушеви со изложбата, на споменикот Илинден, во рамките на манифестацијата „Десет дена Kрушевска Република“, инспирирана од познатиот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден.
Во плакатите на Кардула ги гледаме ликовите како Дарт Вејдер и Јода сместени во и околу Македониумот, а споменикот на еден плакат е е претворен во пилотска кабина која многу наликува на вселенскиот брод „Фалкон“ на ликот Капетан Хан Соло од филмскиот серијал.


„Илинден“ или Македониум, споменичкиот комплекс во Крушево бил откриен на 2 август во 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание. Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.


