Дел од патиштата се непроодни поради наноси од земја и кал


Поради наноси од земја и кал непрооден е регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп. Од денеска до 23 овој месец патот Велес – Градско ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот поради поставување на слој од асфалт, информира АМСМ. Оттаму информираат дека поради […]

ЈО: Обдукција на загинатите во Лепенец, притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје – Блаце, а во која загинаа три лица чии тела вчера попладне беа извадени од реката Лепенец.  -По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на […]

Патот Велес – Градско од 8:00 до18:00 часот затворен за сообраќај поради асфалтирање


Од денеска до 23-ти овој месец, во периодот од 08:00 до18:00 часот, поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, во населеното место Градско, информираат утрово од АМСМ. Непрооден е и регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка кон Прилеп, бидејќи има наноси од земја и кал […]

Џафери во Стокхолм на Конференција за демократијата во Европа


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе учествува на Конференција за демократијата во Европа, во Стокхолм, Кралство Шведска заедно со делегација составена од пратениците, Соња Мираковска, Ремзи Мехмеди и Никола Мицевски. Како што соопшти собраниската прес-служба, Конференцијата е со наслов „Како можат парламентарците да помогнат во заштитата и зајакнувањето на демократијата […]

Претежно сончево и значително потопло


Времето денеска ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево и потопло. Ќе дува […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 19 јуни 2023 година, 170-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 195 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Наставниците и годинава кинат нерви со е-дневникот, надлежните ќе тестираат нови софтвери летово


„Error, 503 Service Unavailable“, внесени повеќе оценки а регистрирана само една, исфрлање од систем и повторно логирање, потешкотии во подготовката извештаи за успех и поведение. Оваа се само дел од проблемите со кои се соочуваат наставниците деновиве при внесот на податоци во електронските дневници. Пишани дневници веќе неколку години нема, па електронските се единственото место […]

Телата на трите члена на семејството Пацоли пронајдени во извлечениот автомобил од Лепенец


  Стравувањеата на спасувачите, за жал, се обистинија. Во извлечениот автомобил „бмв“ од најдојдениот Лепенец крај Скопје се најдени три беживотни тела на косовското семејство Пацоли – таткото Наим, мајката Мерита и синот Ермал (16). Во трагедијата единствено преживеа другиот син, 21-годишниот Шкељзим. МВР официјално потврди дека се најдени телата на тројцата исчезнати во Лепенец […]

Пронајден автомобил во надојдениот Лепенец, се трага по косовското семејство


  Пронајден е автомобил во Лепенец во близина на местото каде вчера попладне по сообраќајна несреќа во реката падна автомобил марка „БМВ“ со косовски таблички.  Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица „Тигри“ и во моментов се извлекува. Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил „фолксваген туран“ со скопски таблички по што […]

И тоа е Македонија: Огномет во Кавадарци за годишнината од стрелањето во Ваташа


  Што сакал да каже градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, со тоа што објави фотографии од огмномет ден пред одбележувањето на 8—годишната на стрелањето на 12-те младиници во Ваташа, веројатно само нему му е јасно. Огномет за што – за положувањето цвеќе на споменикот на убиените ваташани, за доаѓањето на високата делегација од неговата партија; […]

Водата се смирува во Кочанско


  Нивото на водата во реките во кочанскиот регион се стабилизира, а вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ утрово регистрирале извесно опаѓање на дотокот во акумулациите на хидросистемот. Продолжува превентивното испуштање по околу 18 кубни метри од браната Калиманци, а поради намалувањето на водата од притоките на реката Брегалница, нема опасност од поплавување на полињата во […]

Дождовите ја заматија водата за пиење во Кавадарци


  Заматена е водата за пиење во градскиот вововод во Кавадарци поради обилните дождови на изворите Лукар, информираат од кавадаречкото јавно претпријатие ,,Комуналец”. Оттаму нагласуваат дека водата за пиење, потребно е да се преврива пред консумирање.    „Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата“, додаваат од комуналното […]

Од браната Калиманци превентивно се испушта вода


Зголемен водостој на реките што ги полнат акумулациите на хидросистемот Брегалница регистрираа попладнево вработените во водостопанската подружница од Кочани. Од браната Калиманци во моментот превентивно се испуштаат по околу 18 кубни метри вода во секунда што се користи за производство на електрична енергија. Доткот во акумулацијата е со променлив капацитет и во просек се движи […]

Вардар се излеа во Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце


Реката Вардар се излеа и поплави површини во населените места Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце. Центарот за управување со кризи извести дека претседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени […]

Мостот „Беласица“ наредната недела би можел повторно да се пушти во употреба, најавува Арсовска


Денеска ми јавија дека се готови со сите испитувања кои се направени и дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо. Сметам дека веќе од наредната недела ќе можеме да го пуштиме во употреба, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. При гостувањето во тема на денот на Сител телевизија, Арсовска кажа дека на мостот […]

Сопрен истекот од ХЕЦ „Вруток“ за да нема дополнителен прилив на вода во Вардар


Центарот за управување со кризи (ЦУК) координираше да се сопре целосно истекот од ХЕЦ „Вруток“ за да нема дополнителен прилив на вода во коритото на реката Вардар. Нивото на реката Вардар е високо, па ова е превентивна мерка од можните излевања на реката во Полошката Котлина.  -Според последните податоци од хидролошките станици низ земјава се […]

Утре облачно со локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува


Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре претпладне времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. […]

Најавено проширување на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево


 Граничниот премин Станке Лисичково – Делчево, кој ги поврзува Република Северна Македонија и Република Бугарија наскоро ќе биде проширен, информира бугарски портал „Благоевград.ЕУ“ со седиште во Благоевград.  Целта како што наведуваат оттаму да се зголеми пропусната моќ на контролниот пункт и да се намали времето на проверка на патниците. Во информацијата е наведено дека сегашното […]

Затрупан влезот во градската депонија на Кочани, отпадот се истура покрај патот кон Пониква


Влезот во градската депонија на Кочани денеска е затрупан со отпад и комуналните возила на КЈП „Водовод“ не можат да влезат внатре за да го депонираат ѓубрето. Купиштата отпад се расфрлани и од двете страни на регионалниот патен правец кон Пониква, а од распаѓањето на органските отпадоци се шири силна смрдеа и се излева течност […]

Акција за чистење на улиците и јавните површини во Центар


 Службите од ЈП „ПОЦ“ задолжени за одржување на хигиената на терторија на Општина Центар спроведуваат акција за расчистување на улиците и јавните површини во општината. -Во тек е пролетното уредување и детално чистење на сите паркиралишта. Деновиве од отворениот простор на паркингот кај Домот на Армијата беа отстранети стари и искршени клупи, прозори, стакла и […]