Отстранет е лимот кој во невремето се премести на покрив на зграда во Аеродром


Отстранет е покривен лим оштетен од невремето од кров на зграда во Општина Аеродром, соопшти денеска Центарот за управувањ есо кризи. 

– По пријава на единствениот телефонски број за повици при итни ситуации 112 во ЦУК за опасност од покривен лим што неодамнешното невреме го нанело на пониска зграда на Булевар „АВНОЈ“ бр. 18 – 2 12 во Општина Аеродром се спроведе успешна координација и реализација на отстранување на опасноста, со ангажман на институциите од Системот за управување со кризи, во координација со Општина Аеродром, информираа оттаму.