Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост


Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска […]

Регенеративна економија во мода и протеинска храна од инсекти и леблебија


„АРНО“ ги прогласи победниците од овогодинешниот натпреварот „Зелени идеи“. Жири комисијата на натпреварот во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки“ на Натали Ристовска- ЈОВАНКА МАИСОН ДООЕЛ Скопје и „Дизајнерски шапки“ на Мирјана Јосифоска од ДПТУ МИР-ЈОС ДООЕЛ, додека за […]

Изјави на Ковачевски и Бочварски (во живо)


Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на настанот по повод доделување на социјални станови на семејства во Виница.   

Костадин Костадинов: Ставам ништовност и вето за невладините кои се занимаваат со моето право на верување во Бога


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов реагираше но нападите упатени кон него од одредени невладини организации, поради поддршката што ја дава за трибините и јавната дебата поврзани со законите за родова еднаквост и за матична евиденција, организирани од Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ-ОА. – Од денеска како градоначалник, со целото мое законско право, ставам […]

„Бугарин за 250 денари“, со изводот со графа националност – побрзо до бугарски пасош


Ако во графата за националност, во македонските изводи, впишете дека сте Бугарин, веројатно полесно ќе може да стигнете до бугарски пасош.  Оваа можност постои откако беа донесени измените во упатството за водење на матичните книги и документација според кои ќе има и графа за етничка припадност. Ваквите измени не поминаа незабележано кај фондациите и здруженијата […]

Времено затворен за сообраќај патот од клучката Неготино до селото Дуброво


Сообраќајот на патниот правец од клучката Неготино до селото Дуброво денеска од 8 до 11 часот ќе биде во прекин поради асфалтирање. Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе се пренасочува клучката Демир Капија – с.Курешница – с.Бистренци – с.Војшанци. 

Презентација на новите лесни оклопни возила на Армијата


Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска во штипската касарна „Јане Сандански“, ќе се обратат на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV, кои се составен дел од опремата на Армијата на Република Северна Македонија. На презентацијата на новите […]

Дебата за доживотното учење во Даут Пашин амам


Во просториите на Даут Пашин амам Скопје вечерва од 18 часот ќе се одржи настанот „Учењето нешто ново секој ден и секојдневното живеење, одат заедно“ во организација на Europe House Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Како што информираат од Europe House, настанот има за цел да поттикне дебата за доживотното […]

Пендаровски ќе додели повелби на хуманитарни организации и личности


Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во неговиот Кабинет ќе го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на три организации и на четири личности кои со нивната работа и посветеност дадоа огромен придонес за социјализација и остварување на човековите права и слободи на лицата со хендикеп, за помош и поддршка на обесправените и […]

Почнува летото


Летото почнува денеска во 16 часот и 57 минути, а во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата. Денес денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад. Во Скопје, […]

Пуштање во употреба на реновиран оддел во Клиниката за детски болести, донација од Комерцијална банка


На Универзитетската клиника за детски болести во Скопје денеска ќе биде пуштен во употреба реновираниот Оддел за ревматологија и кардиологија, со донација од Комерцијална банка АД Скопје. На настанот предвидено е да присуствуваат министерот за здравство Фатмир Меџити, в.д. медицинскиот директор на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. организацискиот директор Аркин Јахији, како и главниот финансов […]

Сончево и топло, можен краткотраен дожд на планините


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. УВ […]

Утре во прекин сообраќајот од клучката Неготино кон село Дуброво поради асфалтирање


На патниот правец од клучката Неготино кон село Дуброво, утре од 8:00 до 11:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин поради асфалтирање. Сообраќајот, како што информираат од АМСМ, ќе се пренасочува преку клучка Демир Капија кон селата, Курешница, Бистренци и Војшанци. 

Пензиите ќе се исплаќаат од 27 јуни


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26 јуни. Од владината прес-служба соопштија дека им се препорачува на деловните банки да […]

Владата помага во санација на последиците од поплавите


Владата, со донесената одлука за постојната кризна состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, односно на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка се вклучува во поддршката на општините во справувањето со последиците од поплавите. Целта е, јавните државни претпријатија, пред сѐ Јавното препријатие за државни патишта на Република Северна […]

Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела


Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела. Во врска со отстранувањето на цевките, било што и да се прави понатака тие мора да се извадат, изјави за МИА, Михаил Гаревски, од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Пред еден месец, Гаревски изјави дека експертизата не би смеело да […]

Влада: Јунските пензии да се исплаќаат од вторник, 27 јуни


Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26.06.2023 година. Се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јунските пензии […]

Државни претпријатија се вклучуваат во санирање на последиците од поплавите во Делчево и Крива Паланка


Владата, со донесената одлука за постојната кризна состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, односно на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка се вклучува во поддршката на општините во справувањето со последиците од поплавите. Целта е, јавните државни претпријатија, пред сѐ Јавното препријатие за државни патишта на Република Северна […]

Родителите на малата Јана запрепастени: Нема лекарска грешка во смртта на девојчето


  Родителите на починатата шест годишна Јана Христовска од битолското село Кравари се огорчени од сознанието на извештајот од Судска медицина дека нема лекарска грешка во смртта на нивното чедо. За нив извештајот е „жив срам“. Родителите на Јана, Кристина и Стојче за „Независен“ денес потврдија дека нивниот адвокат деновиве направил увид во целиот случај […]