Двата коња што угинаа во скопската Зоолошка градина биле ретки животни од Монголија


Двата коња кои вчера угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалски, цврсто градени коњи со помала висина. Станува збор за многу ретки и скапи животни по потекло од Монголија кои во Скопје биле донесени од Австрија, а на скопската Зоолошка градина и биле донирани од компанијата „Сафари Македонија“.

По веста за угинувањето на коњите, донаторите изразија разочараност од негрижата за животните.

– На прсти се бројат зоолошките градини во кои има вакви коњи. Очекувавме и се надевавме на овие животни да им биде пружена многу подобра нега, а не тие да угинат на ваков начин. Во моментов, не знаеме точно од кои причини угинале коњите, но во секој случај станува збор за тажна епизода, бидејќи скопската Зоолошка градина изгуби вредни животни – вели еден од донаторите на овие коњи по потекло од Монголија.

На скопската Зоолошка градина и биле донирани три вакви коњи. Нивната вкупна пазарна вредност кога биле донирани изнесувала 45.000 евра.

– Не е работата во тоа колку вредат овие коњи на пазарот, жал ми е бидејќи станува збор за исклучитено редок вид диви коњи кои можат да се споредат единствено со мустанзите – истакнува донаторот.

На донаторите не им е познато каква е судбината на третиот дониран коњ, но се сомневаат дека и тој има тешка судбина, ако не е веќе угинат.

Смртта на животните во полицијата ја пријавил вработен во ЗОО Скопје, кој се сомневал дека коњите биле отруени. Засега се’ уште нема официјална потврда за причините за смртта на животните која ќе биде утврдена