Со авион на ДЗС ќе се гаси пожарот кај Неготино, подготвни и два хеликоптера на МВР


Со авион на ДЗС ќе се гаси пожарот на Гоцева шума кај Неготино, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.

– Авион на ДЗС во секој момент ќе полета кон боровата т.н. Гоцева шума во непосредна близина на Неготино, каде во моментов има силен пожар врз кој територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци тешко воспоставуваат контрола поради засилениот ветер, соопштија од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов нагласи дека доколку состојбата со пожарот се влошува, подготвенИ за полетување се два хеликоптерА на МВР.

МИА претходно информираше дека гори Гоцева шума, а информацијата ја потврди градоначалникот на Неготино Горан Стојанов, кој е на САМОТО место.