Ралев: Скопје веќе не е ни модерен ни безбеден град


Скопје некогаш беше модерен град, но сега е пренаселен и непотребно оди во висина и сега е далеку од таа модерност, вели архитектот Мишко Ралев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. 60 години од земјотрсот, тој вели дека легалните објекти кои се градат се безбедни, но не е безбеден од аспект на урбанизмот.

Kако кусо би го опишале би го опишале Скопје денес, по 60 години градење по катастрофалниот земјотрес?

-Што е Скопје денес, по изминати 60 години од еден значаен датум, не само по катастрофичноста на случувањата во тоа време, но од аспект на архитектура и урбанизам – еден голем чекор кој го презеде општеството во тоа време. После 60 години како да се исклучивме од таа патека којашто беше трасирана во тие години, во далечната 1965, после две години кога почнаа да се движат активностите околу реконструкцијата. Скопје денеска можеме да кажеме и дека не го препознаваме. Скопје е населено место, да град е по некоја своја номенклатура, но не можеме да кажеме дека лесно можеме да го читаме. Некои нови катастрофи и потреси му се случија на полето на архитектурата и урбанизмот. Но, сметам дека ќе излеземе, можеби побавно, но со едно сосема друго разбирање на тоа што град, градско општество и градска структура. Така што ќе треба време.

 

Изјавивте еднаш дека Скопје е модерен град, уште ли сте на тој став?

-Па, веќе се проблематизира тој мој став. Тој став е всушност на она пост земјотресно Скопје, кога навистина беше модерен град, кога предничеше во тогашна Југославија каде што модернизмот беше, не само државен стил, туку можеме да кажеме и државна идеологија во однос на архитектура, култура и уметност. Денеска модерноста е можеби само временска одредница дека е современ, дека е денешен, но е далеку од она што беше модерен град.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.