Тропски температури и во наредните денови


До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, соопшти УХМР. Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 15 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 43 степени. Благо опаѓање на температурата за […]

Бабовски во Брисел на објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12


Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предводени од директорот Николче Бабовски, денеска и утре во Брисел, Белгија, учествуваат на вториот состанок со Европската Комисија за објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, за преговори за членство на Република Северна Македонија во Европската унија (ЕУ). На состанокот учествуваат […]

Гори дивата депонија кај салата „Борис Трајковски“


Во близина на салата „Борис Трајковски“ во Карпош попладнево избувна пожар, а над населбата се издигнува густ чад. Според првичните информации, запалени се сува трева и ѓубре од депонија. Скопската противпожарна бригада со три возила интервенира на терен и очекуваат за кратко време да се локализира пожарот. – Запалени се сува трева и ѓубре од […]

Меџити: Лично ќе иницирам инспекциски надзори и при најмал сомнеж за оштета на пациенти


Лично ќе иницирам инспекциски надзор за секој случај за кој постои и најмал сомнеж за оштета на пациенти, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната работна средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска. На средбата која се реализираше по иницијатива на министерот Меџити, како што соопшти Министерството за здравство, беше […]

Изјави на Ковачевски, Гир, Бочварски и Рустеми (видео)


 Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, министерот министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми во рамки теренската посета на делницата Градско – Дреново на кракот Xd на паневропскиот Коридор Х.   

Без вода улиците „Спиро Црне“, „Сава Миахилов, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и „Радован Ковачевич“


Поради дефект ф.80 на ул.„Спиро Црне“ 80, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул „Сава Миахилов, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и дел од улицата „Радован Ковачевич“. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје,  прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 8:00 часот до санацијата на дефектот. 

Секој наставник ќе мора да помине обуки во траење од 60 часа


Секој наставник треба во период од три години да помине обуки во траење од 60 часа, од кои 40 часа треба да се обуки од акредитирани програми, а досега, обучени се повеќе од 14 илјади наставници и 800 стручни соработници. Од Министерството за образование и наука информираат дека нова серија обучувања започнале во јуни и […]

Без вода дел од улица „Орце Николов“


Прекин на водоснабдувањето денеска, од 8 : 15 часот, ќе имаат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“, на потегот од бензиската пумпа Макпетрол до Клуб на новинари. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека причина за прекинот е дефект во шахта на бул.„Илинден“ бр.3.

Сува трева горела во три кумановски и едно село во Старо Нагоричане


Сува трева горела во четири различни села од поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите од Куманово гаселе сува трева првин во Табановце во претпладневните часови, во попладневните во село Лопате и во ноќните часови на „Никуљски пат“. Пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале на запалена сува трева во атар […]

На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата се чека околу еден час


На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Затворени за сообраќај поради асфалтирање, денеска ќе бидат делницата Велес – Градко во периодот […]

Портокалова фаза, температури над 40 степени и УВ индекс 10


Земјава и натаму е зафатена од топлотен бран и високи температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и во следните денови ќе биде многу топло. Утринските температури ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот […]

Јавна расправа за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги


Јавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи денеска во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација. -Целта на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е воведување начин […]

Дебата „Справување и борба со корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата“


Во организација на Европско движење во Северна Македонија денеска во Клубот на пратенциите ќе биде одржана сесија на Работната група 6 –Антикорупција (Поглавје 5 – Јавни набавки, Поглавје 18 – Статистика и Поглавје 32 – Финансиска контрола), на тема „Справување и борба со корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата“. Гувернерот на Хрватска народна […]

Хронично болните нема да бидат ослободени од работа поради топлотниот бран, можат да земат боледување


Засега Министерството за здравство нема да предложи хронично болните лица да бидат ослободени од работните обврски, поради топлотниот бран што ја зафати Европа, но и светот. Од Министерството за здравство за Мета.мк велат дека на последната владина седница, завчера, биле усвоени сетот препораки за заштита на граѓаните од енормно високите температури и портокаловата фаза во […]

Пожарот во атарите на селата Софилари и Пенуш се уште не е изгаснат


Пожарот од депонијата „Трештена скала“ до штипското село Софилари се уште не е изгаснат. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека во моментов пожарот се локализира со 14 пожарникари и четири противпожарни возила на ТППЕ-Штип. Пожарот сега е насочен кон селото Пенуш, какошто вели Коцев екипата веќе е замината и кон оваа место. -Таму ќе […]

По две години мандат Арсовска се пофали: Направен првиот од петте мега-паркови во Скопје


На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри, со желба, посветеност и труд го направиме првиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров.   Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со […]

Поради високите температури зголемена потрошувачката на струја и вода


ЕВН Македонија вчера регистрирала најголема потрошувачка на електрична енергија во земјава во изминатите 30 дена. Како што информираат за МИА од компанијата, од 17 јуни до 17 јули вкупно се потрошени 405.028 мегават часови електрична енергија што, според нив, се должи на високите температури во овој период. -Најголема потрошувачка од 16.015 мегават часови е регистрирана […]

Зголемен број на интервенции на Итната медицинска помош во Скопје


 Екстремно високите температури на воздухот во земјава влијаат на здравјето на граѓаните. Итната медицинска помош вчера и денеска бележи зголемен број на извршени интервенции за разлика од викендот. До денеска попладне било интервенирано во 36 случаи. Според информациите од итната медицинска помош, станува збор за лица повредени во сообраќајни несреќи, несвестици, зголемен крвен притисок, а […]

Пожарот на штипската депонија „Трештена скала“ проширен и надвор од кругот


Пожарот на депонијата „Трештена скала“ во близина на Штип е надвор од контрола, односно е проширен и надвор од кругот на депонијата. Командиторот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се веќе 12 пожарникари со три противпожарни возила, се гасне со вода, но и со пожарникарски метли, бидејќи околината околу депонијата е […]

Казни до 2.000 евра за лица кои се движат низ шуми и покрај забраната


Глоба од 1.500 до 2.000 евра ќе им биде изречена на лицата кои нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, објави Министерството за шумарство и водостопанство. Од вчера на сила стапи делумна забрана за движење во шума во период од 6 до 20 часот, поради заштита од пожари. Забраната, која […]