Градската депонија во Велес изгасната, но сѐ уште под засилена контрола


Градската депонија за смет во Велес лоцирана над градот кај Штипско џаде, која се запали вчера попладне, е изгасната ноќеска со големо залагање на вработените  од ЈКП„Дервен“ и екипа на Противпожарната единица од Велес. Екипите на Пожарната таму беа од 17,30 до 23 часот кога пожарот беше изгаснат. Сепак, екипи на ЈКП„Дервен“ и денеска го […]

Обезбедени наставни и нагледни средства по историја и географија за сите основни училишта


Од септември во сите основни училишта во државата ќе бидат на располагање новите наставни и нагледни средства по историја, географија и другите предмети од групата општествени науки, со што часовите ќе станат значително поинтересни за учениците и наставната материја полесно ќе се совладува. Кабинетите по овие предмети во моментов се опремуваат со различни видови географски […]

Гори сува трева во Куманово и во Штип


Нови пожари избувнаа денес во Куманово и во Штип, каде според информациите, запалена е сува трева. Регионалниот ЦУК Куманово известува, според информацијата на Tериторијалната противпожарна бригада Куманово, за пожар на отворено на улицата „Ѓуро Поштар“, каде што гори сува трева и стрниште. Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Куманово интервенираат од 13.52 часот со 1 […]

Обвинителството во Битола уште нема добиено известување од МВР за „Битолски Монмартр“


  БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола тврди дека досега не добило известување од МВР за случајот со „Битолски Монмартр“ и носењето на деца во Бугарија на средби со тамошни политичари, меѓу кои и претседателот Румен Радев. Од Основното јавно обвинителство Битола велат дека најавеното известување од министерот Оливер Спасовски, по кое треба да […]

Немаме доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети


Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска, на средба со новинарите, рече дека во нашите музеи и локалитети нема доволно кустоси, поради што, многу често, странски водичи на туристичките групи им раскажуваат поинаква историја. -Во археолошките и други локалитети треба да имаме кустоси кои ќе ги пречекаат туристите и […]

Меџити: Додека јас сум министер, доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има


– Додека сум јас министер доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има, порача министерот за здравство, Фатмир Меџити, на средбата со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари. Во текот на разговорот, каде беа присутни и стручни служби на министерството, надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, Ирфан Ахмети, […]

НЛБ Банка донираше 150.000 евра на пет општествено корисни организации и институции


  Под мотото „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, денеска НЛБ Банка организираше настан на кој на пет невладини организации и институции официјално им врачи донации во вкупна вредност од 150.000 евра (30.000 евра за секоја). Добитниците беа избрани од вработените во Банката по пат на интерна анкета, препознаени како организации и […]

„Пуцко Петрол“ лани победила или била единствен понудувач на 413 тендери


Kомпанијата Пуцко петрол која е семејна фирма на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски и формално ја води неговиот син, во 2022 добила неверојатен број државни тендери и фантастична сума пари од владините институции. Пуцко Петрол завчера од страна на Државната комисија за спречување на корупција беше осомничена дека на незаконски начин се стекнала со имотот […]

УХМР: До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури


До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. -Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, дневните температури во земјава ќе бидат највисоки утре […]

На јужната граница зголемен прометот на патници за 30 проценти, само на Меџитлија за 60 проценти


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера  во рамки на проектот на МВР „Отворен Кабинет”, беше во работна псоета на СВР Битола, при што реализираше средби со граѓани, а го посети и Граничниот премин Меџитлија, каде оствари работна средба со раководството на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија и на Регионалниот центар […]

На шверцерски начин додадени нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица


Нова висококатница на паркингот кај Рамстор во висина од 23 метри на „шверцерски“ начин е протната во новиот ДУП, што заеднички го изгласаа советниците на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ на денешната седница на Советот на општина Центар, тврди Шанса за Центар. Според нив, и и новиот објект на КАМ на спротивниот крај на улицата […]

Објектот „Пчелка 2“ во Аеродром добива нова енергетски – ефикасна фасада


Со новите градежни зафати кои деновиве се реализираат, објектот „Пчелка 2“ кој е дел од детската градинка „Буба Мара“ добива нова енергетски – ефикасна фасада со која објектот ќе биде целосно енергетски ефикасен. – Со тоа значително ќе се подобрат условите за згрижување на децата, ќе се подобри средината во која тие растат и се […]

СДСМ апелира до Арсовска да им дозволи да ја изградат Универзална сала


СДСМ апелира до Арсовска да им дозволи да ја изградат Универзална сала, откако во градскиот Совет беше изгласана таква одлука и сега се чека само на нејзина согласност. -Универзална сала, симболот на солидарноста на Скопје, како и низа други проекти започнати од минатата локална власт на СДСМ, 20 месеци стојат в место. Иако државата има […]

Од утре и фирмите ќе го користат единствениот таг на автопатиштата во Србија и Македонија


Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека од утре сите правни лица ќе можат да станат корисници на веб-платформата за електронска наплата на патарина, преку која ќе им биде овозможено плаќање патарина преку интернет за возење на автопатиштата во Србија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Заедничкиот […]

Собранието ќе расправа за намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии


Предлог-закон за платни системи кој го поднесоа пратениците  на Либерално демократската партија, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието. – Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, […]

ГТЦ утрово без вода


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради промена на вентил од ф 20 на улица „11-Октомври“, утрово од 9.30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ. Дефектот, како што наведува ЈП „Водоводи канализација“, е во Стопанска банка, а прекинот ќе трае до неговото санирање. 

МВР: На интернет се споделуваат лажни наградни игри – внимавајте!


На интернет, особено на социјалната мрежа „Фејсбук“, се споделуваат лажни наградни игри. МВР апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци. Апелот на МВР доаѓа откако Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во изминатиот период констатирал зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење […]

Дијабетичарите на мирен предупредувачки протест пред Министерството за здравство


Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели. – По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по […]

Штипски планинари од „Лисец“ го освоија највисокиот врв во Турција


  Експедицијата на ДПС Лисец – Штип „АРАРАТ 2023“ составена од четири планинари го освоија највисокиот врв во Република Турција од 5.137 надморска височина. Трајче Алексов, Билјана Спаскова, Милорад Ангелов и Тоше Ристов се членовите на ДПС Лисец кои учествуваа во експедицијата. Планинарот, Милорад Ангелов во писменото соопштение до медиумите вели дека на 19 јули […]

Без вода дел од корисниците на улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“


 Корисниците на дел од улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“ денеска ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка ф-1 на ул. „Јани Лукровски“ бр. 9. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе почне во 9 часот и ќе трае до  санација на дефектот.