На премините Табановце и Богородица за излез од државава се чека околу половина час


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата утрово има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 30 минути. -На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми […]

Сончево и многу топло со температура до 41 степени, УВ индексот 10


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10. Во Скопје претежно сончево и многу топло со […]

ЗХГ: Добиена граѓанска битка против градежната мафија во Влае


Советот денес ја усвои предлог-одлуката што ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ја поднесе на барање на Борба за Влае со која го поништивме штетниот Регулациски план за СЗ 19! Расправата која течеше по предлог-одлуката е доказ дека граѓаните мора да се самоорганизираат и да станат дел од локалните совети за да се осигураат дека ќе се носат […]

ЦУК: Пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во Дељадровце, Скопско, гори нискостеблеста шума


– Пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце, Скопско, е пријавен попладнево на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи – ЦУК. Како што соопштија од ЦУК, според првични информации, гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.  -По дојавата на 112 во ЦУК, веднаш е алармирана и веќе […]

До среда земјата во портокалово ниво на опасност од високи температури


До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР. УВ индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10. Во земјата утре ремето ќе биде сончево и многу топло […]

Советниците во Град Скопје ја задолжија Арсовска да најде пари за Вардар


Советот на Град Скопје со 34 гласа „за“ и еден воздржан денеска изгласаа финансиска помош за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. За тоа со колку пари ќе му се помогне на скопскиот гигант ќе решава градоначалничката Данела Арсовска и соодветниот градски сектор. Иницијативата за помош на Вардар ја поднесе докторот Никола Пановски, но ја подржаа […]

Владата ќе ја преземе Универзална сала, Арсовска има рок од 7 дена да ја предаде


  Советот на Град Скопје денеска со 26 гласа „за“, односно со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ја изгласа иницијативата за Владата да ја преземе Универзална сала. Градоначаничката на Град Скопје, Данела Арсовска, треба во рок од 7 дена да изготви одлука за предавање на Универзална сала на Министерството за култура. „Се задолжува градоначалникот на […]

Се реконструира ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска го посети ООУ „Јосип Броз Тито“ во општина Струга, каде што во тек е реконструкција на столаријата, односно се врши замена на дотраените врати во училниците. – Оваа инвестиција за која се одвоени над 700 илјади денари е со поддршка на Светска банка, нашиот партнер со кој […]

„Храбро срце“ упати благодарност до семејството на донорот и медицинскиот персонал и апел за логистичка поддршка од државата


 Националното Здружение на пациенти со механичка потпора на работата на срцето и нивни поддржувачи „Храбро срце“ изрази благодарност до семејството на починатиот пациент, чии органи ќе спасат четири животи и до медицинскиот персонал, но упати и апел за логистичка поддршка од државата. Првпат во историјата на македонското здравство денеска од еден дарител беа експлантирани четири […]

Уставниот суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен


  Расправата во Уставниот суд околу Законот за матична евиденција останува отворена, затоа што на денешната седница немаше одлука. „Судијата известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза да се оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, […]

Ангелов апелира градоначалниците први да се соочат со пожарите – хеликоптери и авиони има


 Оваа година, за справување со пожарите, на располагање се три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, од кои едниот е во функција а останатите два треба да пристигнат во секој момент во државата, како и по два армиски и полициски хеликоптери. Како што појасни директорот на Центарот за управа со кризи, Стојанче Ангелов, на […]

Спасовски: МВР отвора предмет за „Битолски Монмартр“ за носењето деца кај бугарски политичари


  БИТОЛА – МВР отвори предмет по допрен глас за раководството на „Мал битолски Монмартр“, кое во неколку наврати изминатиот период носеше деца во посета во Бугарија и на средба со бугарски политичари, меѓу кои и претседателот Румен Радев. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ , денеска во текст на „Независен“ реагираше дека децата кои […]

Учениците од турскиот град Малатја ќе учат во новото училиште „Северна Македонија“, донација од МATTO


 Средношколците од турскиот град Малатја што на почетокот на годинава беше погоден од катастрофалниот земјотрес, претстојната учебна година ќе ја почнат во новото училиште кое ќе го носи името „Северна Македонија“, донација од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО). МАТТО денеска во Скопје го потпиша Протоколот за соработка за изградба на училиштето кое ќе […]

На Градот Скопје очајно му требаат 50 пожарникари


Ние немаме ресурси и не набавуваме ресурси, а факт е дека се потребни ресурси, рече денеска Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, прашан за состојбите во противпожарните служби. Ангелов, излезот го гледа во фондовите на Европската унија. Затоа, очекува што поскоро приближување кон ЕУ, оти фондовите ќе помогнат во сите области. На противпожарните служби им се […]

Прес-конференција на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов (видео)


Проследете ја прес-конференцијата на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на тема „Информирање за целокупните противпожарни ресурси на локалната и централната власт, мерки и препораки како и појаснување на делумната забрана за движење во шуми“.

Муцунски не знае зошто е казнет од Арсовска


  Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, се чуди зошто заработи казна за неправилно одлагање отпад кај ФФМ од Град Скопје, за фирма што според него работи за неколку клиенти.  Имено, утрово Инспекторатотза животна средина, изрече казна од 88.000 евра за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски  поради исфрлање на отпад на јавна површина со […]

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот урбанистички план на Водно


Советот на Општина Центар на 26-та Седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот Урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022.    Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/2020; 111/23) предвидува изработување на урбанистички проект вон опфат на урбанистички планови на земјоделско, […]

Аеродром и Муцунски заработија казна од 88.000 евра – фрлале отпад кај ФФМ


  Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните.  Имено, општина Аеродром преку компанијата „Пирамид билдинг“ ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во […]

Еден донор спаси четири животи – трансплантирани срце, црн дроб и бубрези


Министерството за здравство информира дека за првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. -Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова […]

Акција за миење и дезинфекција на сите контејнери во Град Скопје


ЈП „Комунална хигиена“ започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје. Од јавното комунално претпријатие информираат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок., со тоа што нивните екипи  спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите […]