Скинати столчиња, лепена столарија – Лога ја откри мизеријата на администрацијата од внатрешноста


Денеска, министерот за правда, кренар Лога, го посети подграчното одделение за правда, но она што го виде не му се допадна. Во два поста на социјалните мрежи тој потенцира дека денес, повеќе од кога и да е ни треба Европската унија.

– Денеска го посетив подрачното одделение на Министерството за правда во Битола каде беше констатирано дека вработените работат во субстандардни услови. Во зградата во која е сместено одделението нема лифт, а вработените со попреченост немаат пристап до работното место кое е на петтиот кат од зградата.

Недостасува канцелариски мебел, врати и прозорци се оштетени и претставуваат опасност за странките кои бараат бесплатна правна помош.

Со влезот во ЕУ, фондовите ќе обезбедат средства за полесен пристап до правдата за ранливите категории – порача Лога.

– Нe Народна Македонија, Нe Социјалистичка Македонија, Нe Северна Македонија.
Ова е бедна Македонија!
ДЕНЕС ОД БИЛО КОГА НИ Е ПОТРЕБЕНО
ЕВРОПСКА УНИЈА – стои под постот со кршот што министерот го затекна таму.