Без вода делови од улиците „Алија Авдовиќ“ и „13 Август – Охридски Договор“


– Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Алија Авдовиќ“ 16/120б (кај Џамијата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Алија Авдовиќ“ крак 16 и ул.„13 Август – Охридски Договор“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 08:40 часот до завршување на санација на дефектот.

Утринските температури од 4 степени во Берово до 17 во Гевгелија


Во Берово утрово се измерени 4 степени и шест во Лазарополе, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка утринската температира е 8 степени, 9 се измерени во Битола, 10 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Крушево, 11 во Охрид, Прилеп и Штип, 12 степени во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија, […]

Одбележување на Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули


По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули, денеска ќе бидат претставени најзначајните активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.  Во одбележувањето на 28 Јули вклучени се Министерството за здравство, здружението „Хепар Центар“ – Битола, Универзитетските клиники за гастроентерохепатологија, за инфективни болести, за […]

Дел од скопската населба Тафталиџе без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Виенска“ и „Ташкентска“ во населбата Тафталиџе, Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради  уличен дефект ф-100мм на ул. „Варшавска“ бр.1. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Сончево со слаб променлив ветер


Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. UV=9 Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 33 степени. До недела […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 28 јули 2023 година, 209-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 156 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 19 часот и 57 минути. Денов трае 14 часа и 34 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее, […]

Постигнат договор со жителите од Слупчане, ЕВН ќе ја реконструира мрежата


ЕВН и жителите на Слупчане постигнаа договор. Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане, соопштија од ЕВН. – Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела во организација на министерот за економија […]

Пендаровски ќе биде пречекан од Вучиќ во „Прохор Пчињски“ за Илинден


За годинешната прослава на најголемиот македонски празник Илинден, претседателот Стево Пендаровски ќе предводи висока државно-црковна делегација во манастирот „Прохор Пчињски“.  Како што откри самиот тој во гостувањето на телевизија, според воспоставената ротација, годинава треба да биде присутен во Пелнце, но Пендаровски вели дека не сака за овој празник да биде на локација каде што не […]

Потпишан последниот протокол за воспоставување на заеднички контроли со Албанија


Директорите на царинските управи на Северна Македонија и Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели денеска на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји. Како што соопштија од Царинската управа, со потпишувањето на протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување […]

Диви кампери потворно поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“


 Независно забраната за поставување опрема за кампување на недозволени места, диви кампери повторно го запоседнаа просторот во близина на автокампот „Љубаништа“. Ниту забраната ниту мандатните казни ниту соодветните пријави како да не ги заплашуваат дивите кампери да поставуваат шатори на недозволени места. Пред само неколку дена надлежните служби спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери […]

МФ: Од 2015 до 2022 година утврдени се 17 нерегуларности со ЕУ средства за кои се преземени конкретни постапки


Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) не располага со податоци кои произлегуваат од Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) од причина што согласно Рамковната спогодба за ИПА на земјава и регулативата на ОЛАФ, Европската канцеларија нема обврска да го информира АФКОС во врска со тековни или завршени истраги или […]

„Скопје во пет и седумнаесет“: Осветлување на историјата преку светлосни уметнички инсталации


Вчеравечер спектакл од светлина и креативност го исполни вечерното небо над Скопје. Точно во 20:00 часот, креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ иницираше серија неверојатни аудиовизуелни инсталации, ласерски проекции и 3Д-мапирања на Поштата, Телекомуникацискиот центар, Скопското кале и високите кули во Карпош 1 и 2. Инсталациите дадоа илустративен приказ на катастрофалниот земјотрес од 1963 […]

Судскиот Совет донесе одлука за избор на нов член на местото на Георгиев


Судскиот совет на денешната, 451 седница донесе одлука за распишување оглас за избор на еден член на Советот од редот на судиите на Врховен суд. Одлуката следува по оставката на врховниот судија Наќе Георгиев, кој се повлече од функцијата непосредно пред потпишувањето на свечената изјава во Собранието на Северна Македонија во вторникот. Формирана е Комисија […]

МОН: Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово остана без струја поради негрижата на Касами


 Денеска уште еднаш се потврди исправноста на одлуката за одземање на надлежноста на градоначалникот на општина Тетово за средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Ова училиште од денеска е без струја, токму поради негрижата на првиот човек на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од Министерство за образование и наука. За среќа, како што велат од […]

Одземени ингеренциите на тетовскиот градоначалник за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“


Министерот за образование ја одзеде надлежноста на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами за работењето на гимназијата во траење од 12 месеци, соопштија од МОН. Ова е направено, поради неможноста гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ да ги плати сметките за струја, поради што таа е исклучена во објектот. – Ова училиште од денеска е без струја, токму […]

(Галерија) Се вежбаше спасување од земјотрес – објектите од културата немаат дури ни сандачиња за брза помош


Поголемиот број од установите од културата не се приспособени за појави како земјотрес. Установите не располагаат со видео надзор, систем за автоматско гасње на пожар, противпожарни апарати, сандачиња за брза помош, ниту пак шеми за евакуација и знаци за насочување кон излез од објектот. Ова беше истакнато на денешниот Форум во Музејот на Град Скопје […]

Петровец добива нова градинка за 65 дечиња


Денеска во населено место Петровец, во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“ се постави камен-темелник на нова детска градинка со капацитет на сместување од 65 дечиња. – Со изградбата на овој значаен објект за жителите на општина Петровец ќе се реши проблемот со немањето на место за прием на нови дечиња за кои постои реална […]

УХМР: До недела стабилно, во понеделник краткотраен дожд


До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи. Дневните температури ќе се покачат, но, ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. 

Општина Центар започна со спуштање на надземната мрежа од уличното осветлување


мната мрежа од уличното осветлување и електричните кабли на улицата „Партение Зоографски“ долж улицата „Тасино Чешмиче“, заедно со пропратните улици на тој опфат. -Изведуваме модернизирање на инсталациите со цел да ја промениме онаа грда слика на стари дрвени бандери на кои висат кабли. Сите сме сведоци дека со текот на времето истите се навалуваат до […]

Напнато во Куманово: Жители на Оризари насилно влегле во ЕВН


  Група на револтирани граѓани од Оризари насилно влегла во просториите на Корисничкиот енерго центар на ЕВН – Куманово (КЕЦ), по што вработените ги напуштиле работните места. Од ЕВН соопштија дека вработените тоа го сториле од безбедносни причини и непостоење на услови за работа. „Сѐ до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар […]