Сончево и топло до 31 степен


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец.