Околу половина час се чека за излез на граничниот премин „Богородица“ и за влез на „Табановце“


На граничниот премин „Богородица“ за излез и на преминот „Табановце“ за влез во државава има зголемена фреквенција, времето на чекање утрово е околу 30 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјата. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Како да се избегне труење со храна: Ни во ладилник не ја чувајте храната подолго време


Труењата со храна се акутни патолошки состојби предизвикани од консумација на производи загадени со бактерии, токсини, вируси, паразити, но, само кога станува збор за два поврзани случаја – со ист вид храна и/или со храна од исто место. Во текот на летото, кога времето е топло и луѓето најчесто се хранат надвор, бидејќи голема е […]

Сончево и многу топло


Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во интервал од 14 до 20 степени, а максималната од 33 до 39 степени со УВ-индекс 9, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен […]

(Видео) Како хеликоптерите на МВР го гасат пожарот кај велешка Отовица, денеска исфрлија 36 тони вода


  Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска учествуваше во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица „Отовица“. Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше […]

Три проблеми ја пролонгираат изградбата на браната на штипската река Отиња


  ШТИП – Во Штип зачестија гласините дека битолската компанија „Стентон градба“ која на тендер беше избрана да ја гради браната на реката Отиња, ги прекинала работите на oвој за Штип капитален објект на кој штипјани чекаат подолго од половина век. Шпекулациите одат дотаму што се говори дека компанијата ги повлекла своите машини, па дури […]

Каде ќе има свечености по повод Илинден


  На 2 Август- Денот на Републиката – Илинден, што годинава се чествува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Камен во Крушево, додека премиерот Димитар Ковачевски ќе биде на свеченоста на тврдината Кале […]

(Видео) Пендаровски во Пелинце и во „Прохор Пчињски“ за чествувањето на Илинден


Претседателот на државата Стево Пендаровски во 10:15 часот, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2023 година, ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце. Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, ќе биде положено свежо цвеќе, по што претседателот Пендаровски, ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма. На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, по […]

(Видео) Ковачевски на Кале за Илинден


На Тврдината Кале во Скопје, по положувањето на свежо цвеќе пред споменикот на Слободата „Сила, слава и победа”, ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.    По обраќањето на премиерот на свеченоста, следува културно уметничка програма. Премиерот Ковачевски, ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски […]

Три дрвени амбуланти во Скопје заменети со амбуланти на „Брако“


  Старите дрвени амбуланти во Ѓорче Петров, Лисиче и Бутел, кои во рамките на проектот на Министерството за здравство беа заменети со нови и современи на „Брако“. Челичната конструкција е изработена во „Брако“, ѕидните и кровните панели се набавени од Србија и Грција, а дополнително се внатрешно зајакнати со стаклена волна и огноотпорни гипсани плочи. Објектите […]

Пендаровски со честитка за Илинден: Да се сплотиме за европска, а не емигрантска македонска држава


 Денеска, на нашиот најсветол празник Илинден се потсетуваме на генерациите кои се изборија за двете наши републики – Крушевската во 1903-та и АСНОМ-ската во 1944-та година. Водени од прогресивни идеи за политичка слобода и социјална правда, младите беа вистинските двигатели на двата Илиндена. Младите први се кренаа во борба против фашизмот и станаа најборбеното јадро […]

Социјалната услуга за помош и нега во домот станува достапна и во Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани


На 120 постари лица и лица со намален функционален капацитет од Прилеп, Долнени и Кривогаштани, како и на 60 лица со попреченост, постари и изнемоштени лица кои живеат на територијата на општина Крушево, им станува достапна социјална услуга за помош и нега во домот. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска им ги […]

(Видео) Ковачевски на отворањето на „Десет дена Крушевска Република“


Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на отворањето на традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“, која од 1 до 10 август се одржува секоја година во Крушево по повод  големиот национален празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. Манифестацијата во организација на НКС „Десет дена Крушевска Република“, ја илустрира нашата богата култура, отсликувајќи и […]

Исчезнатата Драгана утрово се вратила дома


На социјалните мрежи во изминатите денови се споделуваше објава во која се бараше 28-годишната Драгана. Драгана исчезна на 29 јули, но денеска се вратила во својот дом, како што објави Министерството за внатрешни работи (МВР). – Денеска (01.08.2023) во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ш.(71) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во […]

Страшна сообраќајна несреќа во Бутел, загина пешак по судир на две возила


Трагедијата се случила при судир на два автомобили на кростосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка„ со „Македонско-косовска бригада“. Загинатото момче веднаш било пренесено во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнало на повредите. На видеото од безбедносните камери кое го објави Алсат М се гледа како настрада момчето додека стои на пешачкиот […]

Двајца мажи си ги истепале сопругите во скопска населба


Во изминатите 24 часа пристигнати се две пријави за семејно насилство во Ѓорче Петров. Вчера во 16.30 часот 43-годишна жена пријавила дека на 29.07.2023 на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.П.(51), кој употребил и тврд предмет. – Денеска (01.08.2023) во 00.50 часот во СВР Скопје, 50 – годишна жена пријавила […]

Србија, Хрватска и БиХ во битка против африканска свинска чума


Во последните два месеци, одгледувачите на свињи во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина  беа принудени да убијат илјадници свињи поради појавата на африканска свинска чума (АСЧ), а властите преземаат мерки и издвојуваат средства за поддршка на овој сектор. АСЧ не е опасна за луѓето, но е многу заразна и смртоносна за домашните и дивите […]

Припадници на Армијата ќе учествуваат на вежба „Saber Junction  23“ во Германија


Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction  23“. Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на САД и во неа, покрај припадници од вооружените […]

Педесет стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат на Балканот


Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република Северна Македонија.   Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти […]

Битолчани со комбе фрлале ѓубре во паркот „Пелистер“, чуварската служба ги фати на лице место


  БИТОЛА – Чуварската служба на Националниот парк „Пелистер“ вчера на лице место затекна четворица битолчани кои со комбе истурале градежен шут, стари гуми и друг отпад на територија на паркот. На стариот пат од Битола за Ресен, кај местото викано Макази на неколку места се отворени диви депонии среде чистата природа. Неретка е сликата […]

Меџити: Нема простор за загриженост поради вируси


Ги следиме сите состојби и понатаму ќе одлучиме во зависност од состојбата. Засега нема ништо алармантно, вели министерот за здравство Фатмир Меџити, на новинарско прашање дали има простор за загриженост поради вируси. Тој беше прашан и дали се зголемува бројот на лица под лекарски надзор, со оглед на случајот со конго-кримска хеморагична треска. – Имаме […]