„Мош“ и „Интермецо“ повторно казнети за бучава, треба да платат 13.000 евра


Кафулињата „Мош“ и „Интермецо“ повторно се казнети за зголемена бучава, аинспекторите изрекле казна од 13.000 евра, која треба да ја платат во рок од осум дена. Инспекцијата на Општина Центар спровела акција за мерење бучава по  пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територијата на општината. Мерењето е спроведено […]

Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола


 Пожарот кај Богданци, кој избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола. Гаснењето продолжи од 6 часот утрово. Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над […]

И денеска многу топло, температури до 40 степени, УВ-индекс 9


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево и многу топло со умерен ветер […]

Седница на Државната комисија за спречување корупција


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку зум платформата ќе ја одржи 90-та седница.  На дневен ред се избор на заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата и изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.  Членовите на Антикорупциската комисија ќе постапуваат по конкретни предмети […]

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути


Поради зголемена фреквенција на возила утрово на ГП „Богородица“ за излез и на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека од 15 до 30 минути. Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

Поради дефект утре без вода дел од Нерези


Поради уличен дефект ф-125 мм на улица „Ванчо Мицков“ 22 во населба  Нерези утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Кавадарци ќе добие затворен градски базен


Кавадарци ќе добие затворен градски базен, издадено е одобрение за градење, информираше денеска градоначалникот на Кавадарци. Митко Јанчев. – Според информациите што ги имаме, преку Агенцијата за млади и спорт, за долгоочекуваниот затворен градски базен, од септември треба да се избере фирмата за градење на градскиот базен за кој постапките најверојатно се поминати и да […]

Пожарот кај Богданци се уште активен, во гаснењето учествуваат два авиони „Ер трактор“


Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот „Дојранско Езеро“, се засили и покрај интервeнцијата на двата авиони „Ер трактор“, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. Како што посочуваат оттаму, авионите направиле повеќе од 19 налети прецизно фрлајќи вода врз огнот, а […]

Жителите на Слупчане и ЕВН на средба во Липково


рае состанокот меѓу претставници од компанијата „ЕВН“, општина Липково и жителите од Слупчане, потврдија за МИА и од „ЕВН“ и жителите на липковското село. На состанокот треба да се разгледаат барањата на жителите и дали тие се прифатливи за „ЕВН“. Од „ЕВН“ најавија детали по завршување на состанокот. По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане […]

Уставниот суд оформи предмет за законските измени поврзани со коридорите и „Бехтел и Енка“


Уставниот суд на денешната седница формираше предмет врз основа на иницијативата на Хелсиншкиот комитет, кој пред еден месец побара да се оцени уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на […]

Меџити-Љашко: Од голема важност за Украина е помошта во лекови од Македонија


Украина и Македонија може да соработуваат во рамки на Програмата за меѓународно медицинско партнерство, која се спроведува под покровителство на првата дама на Украина, Олена Зеленска. За ова, меѓу другото, денеска разговарале министерот за здравство Фатмир Меџити и неговиот украински колега, Виктор Љашко. Во видео разговорот двајцата министри зборувале за соработката меѓу двете земји. „Украинскиот […]

Уставниот суд оформи предмет за ДУП „Буњаковец 2“, а „Треска“ веќе се рекламира


  Просторот на поранешната фабрика „Треска“ најверојатно, многу брзо ќе почне да се гради, за што денеска се појавиja видeо и фотографии како ќе изгледа просторот со планираните „наполитанки“, а Уставниот суд информира дека оспорена и Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016. Подносител на иницијативата е Сузана […]

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со повик за идеи за старт-ап програма за туристички иновации


 Центарот за развој на Вардарскиот плански регион објави повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот. Рокот за аплицирање е до 20 август 2023 година на следниот линк. Како што информираат од Општина Велес, Центарот за развој на Вардарски плански регион има за цел да го промовира развојот на иновативни […]

Дизелот поскапува за два денара, цената на бензините останува иста


 Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 78,5 денари […]

ОЛАФ бара државата да врати 660 илјади евра заради злоупотреба на ИПА средства за проект од 2015 година


  Проект од 2015 година, вреден 660.000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите. Како што информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, не се работи за никаков […]

„Ер трактори“ го гаснат пожарот кај Богданци – може да се прошири на ветерниците


Авионите „ер трактор“ се вклучени во гаснењето на пожарот во месноста викана Брдаров камен во Општина Богданци. Гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева, а поради опасноста пожарот да се прошири кон ветерниот парк, беа активирани авионите за гаснење пожар. Пожарот избувнал околу 11 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на […]

Серафимовски: Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се протести


 Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се и протести, ова го истакна денеска на прес-конференција, претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски. – На иницијатива на министерот пред околу десетина дена, на состанокот во неговиот кабинет, се формира работна група за усогласување на платите. Според минималната плата, никој во државата […]

Основниот суд Кавадарци уништи документиран материјал со изминат рок на чување


Основниот суд Кавадарци уништи документиран материјал со изминат рок на чување, информираа денеска од кавадаречкиот суд. Се работи за документиран материјал, списи од предмети. – Врз основа на Решението за уништување на документираниот материјал УП1 бр. 17-111 од 24 јули оваа година на Државниот архив на РС Македонија и дадената согласност на Основен суд Кавадарци, […]

До петок многу топло, в сабота пороен дожд, грмежи и ветер


До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 12 до 24 степени, а максималната […]

Земјотрес во Албанија почувствуван во југозападните делови од земјава


Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје. -Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка […]