Лога му одговори на Мицкоски со слика од „преоблеченото“ МЕПСО
Откако денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе се обиде да го блокира во Собранието најавениот закон за амнестија, кој се однесува на затвореници со мали затворски казни, министерот за правда Кренар Лога избра две фотографии и една реченица за да се подбива со овој став на опозицијата.
Лога прикажува една фотографија како се „преоблекуваше“ МЕПСО во стиропор и гипс во рамките на проектот „Скопје 2014“, а другата е ужасната состојба на затворот „Идризово“.
И само напиша:
„Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома“, што е една од најпознатите изјави во прислушуваните материјали.