Студентите излегоа на протест против измените на Кривичниот Законик


Пред Владата на Република Северна Македонија денеска на протест излегоа студенти од државава кои се против донесените измени на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери. Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, нагласуваат, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно […]

Запалени, измачкани со црвена боја и подмитени фотографии на одговорните за скандалот на Онкологија


Пред Влада на Република Северна Македонија почна протестот за случајот со Клиниката за онкологија. Со барање „Правда за жртвите“, се очекува протестот да продолжи пред зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје. Организаторите најавија дека ќе ги интензивираат протестите и повторија дека се бара судска разрешница за сите инволвирани во „скандалот со Клиниката на онкологија“, […]

Стевановиќ : Нема простор за паника кога е во прашање Ковид-19


Нема простор за паника кога е во прашање Ковид-19, инфекцијата ќе биде присутна како што е присутен грипот, изјави за МИА, директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.  – Шестмина хоспитализирани пациенти имаме во моментов, примени изминатите денови, повозрасни, над 70 години, сите со сериозни коморбидитети и тешки болести, како малигност, срцева болест. Двајца […]

Август просечно топол и врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20 година


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец август 2023 година се карактеризира како просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20 година, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Средномесечната температура се движеше од 18,2 степени Целзиусови во Маврово до 27,1 степени Целзиусови во Гевгелија. Споредено […]

Инцидент на Клиниката за кардиохирургија, вработениот С.Ј. физички го нападнал директорот


Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10.00 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар, известуваат од МВР. Во СВР Скопје добиена е пријава за случајот. Известен е и јавен обвинител и […]

Тројца вработени во Општина Битола зеле субвенции за столарија, граѓаните револтирани


  БИТОЛА – Тројца вработени од општинската администрација на Битола зеле субвенции од 200 до 450 евра за дограма на последниот јавен повик на Општина Битола за надоместување на дел од трошоците за нови ПВЦ или алуминиумски прозорци за домаќинствата на подрачјето на Општина Битола за 2023 година. Еден од добитниците е на високо раководно место помошник-раководител во секторот за […]

Меџити: МЗ иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра


Министерството за здравство иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра. Тоа е двојно повеќе средства и сум горд на ова. Наша определба е да го ги забрзаме реконструкциите, набавката на опрема, бидејќи клучна причина за незадоволство од јавното здравство е лошата инфраструктура и услови. Ова, меѓу другото, го […]

Процесот за „Титаник“ продолжи, никој не спомена застарување на делото


  Ниту обвинителството ниту адвокатите денеска на продолжењнието на судењето во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности не ги споменаа измените во Кривичниот закон кои се однесуваат на застареност на некои дела. Судењето продлжи како ништо да не се случило, со испрашување на сведоци. Но веројатно нема да биде така кога процесот ќе дојде кон својот […]

Формирано Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило


Формирано е Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило од експерти, претставници на институции и еко-активисти. Ова е прв состанок на кој присутните дадоа поддршка за  предложените законски измени, за да се спречи уништувањето на градското зеленило со урбаната експанзија и непочитувањето на законите. Овие измени добија поддршка и од претставниците на  Интерпартиската […]

Што чистат шведските, а што нашите ѓубреџии? Исчистени 20-тина диви депонии во Скопје


Повеќе од 30 метри кубни кабаст отпад исчисти „Комунална хигиена викендов по пет општини во Скопје, со што ја продолжи праксата од минатиот викенд.  Овие фотографии, како што може да забележите, не се од нашиот главен град, туку од приградска населба во шведскиот град Гетеборг. Вака изгледаат контејнерите за рециклажа! Со јасна сликичка која покажува […]

Меџити ветува дека сите виновни за скандалот во Онкологија ќе бидат санкционирани


Фатмир Меџити, министерот за здравство, во врска со скандалот на Клиниката за онкологија рече дека не може сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош. Меџити рече дека нашето здравство има врвни доктори и дека Министерството ќе направи сè за нивниот углед да биде зачуван, што е правилно и фер пред граѓаните. „Како министер […]

Пенов: Со 22,9 милиони денари ќе се подобрува енергетската ефикасност во општина Радовиш


Со проектот „Енергетски ефикасен регион“, општината Радовиш ќе обезбеди заштеди во потрошувачката на електрична енергија, што на крајот како придобивка треба да го почувствуваат и граѓаните, затоа што заштедените средства можат да се пренасочат за подобрување на други услуги, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на денешната презентација на дигиталната компонента од Грантовата шема […]

Бруцошите имаат право на бесплатен превоз


Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, ЈСП „Скопје“ потсетува дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста. Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој […]

Стотина планинари се искачија на највисокиот врв на Осоговските Планини, Руен


 Стотина планинари од шест планинарски клубови од државата учествуваа на деветтата, традиционална акција за искачување на највисокиот врв на Осоговските Планини, Руен, на 2251 метри надморска височина, што ја организира Здружението планинарско-спортски клуб „Калин Камен“, Крива Паланка. – Акцијата беше една од најмасовните годинава во организација на нашиот клуб. Учествуваа околу 100 планинари од шест […]

Продолжен рокот за пријавување лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби во Центар


Општина Центар го продолжува рокот за пријавување на Јавниот повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2023/2024 година. Повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати […]

Во 40 училишта подобрени се санитетско – хигиенските услови и пристапноста за учениците со попреченост


Завршија градежните активности во 40 училишта каде во текот на летниот период се работеше на подобрување на санитетско – хигиенските услови и на пристапноста за учениците и лицата со попреченост. Во најголем дел од објектите кои беа опфатени, се изградија пристапни рампи и се адаптираа тоалети за ученици со посебни потреби. Некаде пак, се реконструираа […]

И министерот Алиу ги чека реформите за јавната администрација што никако да се случат


Време е конечно да се изгласаат законите кои се чекаат со години, а се од големо значење за реформите во јавната администрација, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во интервју за Порталб.  -Закон за висока раководна служба, закон за агенција за дигитализација, закон за административни службеници, закон за вработени во јавен сектор, […]

Со настан во Кавадарци, продолжуваат отворените средби со граѓанитена Комисијата за спречување и заштита од дискриминација


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, продолжува со организација на отворенисредби со граѓаните, невладиниот сектор и институциите. Следниот ваков настан ќе се одржи во среда,20 септември 2023 година, во салата на Советот на Општина Кавадарци. На оваа отворена средба, сите заинтересирани граѓани, активистите од граѓанските […]

Општина Аеродром доделува субвенции за набавка на нов велосипед или електричен тротинет


Во рамки на Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува во текот на месец септември, Општина Аеродром објавив јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети. И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 […]

„Чистота и зеленило“ постави полуподземни контејнери на десетина локации во Куманово


Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ постави полуподзмени контејнери на десетина локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. -Овој пат за разлика од претходно, почнавме со поставување на полуподземни контејнери во неколку населби во градот. Очекуваме граѓаните совесно да се однесуваат и да депонираат соодветен смет без да одлагаат запаливи материи, изјави директорот на ЈП […]