Прекинато водоснабдување поради реконструкција на цевка на бул. „8 Септември“


Корисниците од улица „Скупи“ крак 3 и 5, Криви Дол и Момин Поток, денеска од 9 часот ќе имаат прекинато водоснабдување.

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот е поради реконструкција на водоводна цевка Ф 400мм на бул. „8 Септември“ до маркет „Хубо“ и ќе трае до завршување на активностите.