Арсовска повторно на терен со граѓани, на советниците нема кој да им одговори на прашањата


Трета седница на Советот на Град Скопје, наменета за советнички прашања, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска не е присутна.

Советниците и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ бараат таа да биде присутна за да може да се одржи седницата, односно да се постават прашања од граѓаните и од советниците.

– Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на било која седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, на денешната седница за советнички прашања, на која повторно не е присутна градоначалничката, Данела Арсовска.

Андоновска посочи дека има повеќе од 50-тина прашања од граѓани кои што во овие шест месеци ги собрала од средбите со граѓани, а нема како да и ги постави на градоначалничката, освен на овие седници и на седниците кои што се предвидени за советнички прашања.

Додаде дека на овие седници, исто така, се носат одлуки кои имаат финансиски импликации кои се пари на граѓаните, а од друга страна, ниту Советот, ниту граѓаните имаат информации каде завршуваат овие народни средства, а градоначалничката никаде ја нема за да даде одговор.

 

Секретарот на Град Скопје, појасни дека градоначалничката е на терен во директна комуникација со граѓаните, за остварување на програмата „За модерно Скопје“.

Советниците на СДСМ ја напуштија седницата, затоа што без разлика што присутни се раководителите на сектори, кои се најкомпетентни да одговорат, тие не „сакаат да ги стават во незавидна положба, затоа што одговориле да бидат прераспределени по пожарните станици или да ги фати проветрување“.