Вонредни инспекциски надзори во училиштата каде што има пријави за салмонела


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во текот на денешниот ден во соработка со претставници од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство врши вонредни инспекциски надзори во училиштата каде има пријава за заболување со салмонела. ДСЗИ соопшти дека се врши надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба […]

Завршен булеварот „Васко Карангелески“


Завршена е изградбата на улицата „Васко Карангелески“, проект со чија реализација се овозможува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општина Аеродром.   – Со изградбата на улицата жителите на овој дел од Скопје добиваат ново сообраќајно поврзување помеѓу булеварите „АСНОМ“, „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“, со што значително ќе се намали сообраќајниот метеж […]

Затворени кујните во четири основни училишта во општина Карпош, девет деца се заразени со салмонела


Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош. Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела. […]

И в година може да доцни терапијата за онколошките пациенти


Без кадар може да останат клиникте во Клиничкиот центар во Скопје, доколку Министерството за финансии не одобри нови вработувања, предупреди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој беше во посета на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Вели, изборна година е,  а со пацинетите ќе нема кој да работи.  – Ќе упатам апел до Обвинителството дека […]

Осум општини со задоволително ниво на отвореноста на буџетите во 2022 година


 Осум општини (Битола – 77.8, Валандово – 75.1, Крива Паланка – 75.0, Делчево – 70.6, Центар – 66.2, Струмица – 65.6, Богданци – 65.6 и Берово – 61.7) имаат задоволително ниво на отвореност во 2022 година, покажа анализата на Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ), кое веќе трета година ја мери транспарентноста, отчетноста, вклученоста и […]

Јовески: Може лично да не се согласуваме со некои закони, но мора да ги почитуваме


Јавниот обвинител Љубомир Јовески во врска со застарувањето на дел од делата согласно последните измени на Кривичниот законик вели дека онаму каде што ќе се утврди дека настапиле елементи на застарување на кривичното гонење, Обвинителството и судовите ќе донесат соодветни одлуки. На новинарско прашање, Јовески денеска истакна дека обвинителите и судиите се должни да го […]

Заврши репроцената на недвижниот имот во Општина Виница, даночната стапка нема да се зголемува


Непроменета останува даночната стапка за данокот на имот на недвижности на територијата на општина Виница откако беше направена законската репроцена, односно ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот. Стапката на данокот нема да се зголеми од досегашните минимални 0,10 отсто од пазарната вредност на недвижниот имот, односно на 0,05 отсто од вредноста на објектот во […]

Богоев во Сеул на разговори со корејската царина


  Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко се сретнаа во седиштето на корејската царина во Сеул на којашто најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад. Богоев заедно со […]

Зибери: Полицијата ги пречекорила овластувањата во „Идризово“


Народниот правобранител во извештајот за случувањата во затворот „Идризово“ кога беа повредени полициски службеници и затвореници констатирал пречекорување на овластувањата на полицијата. – Заврши процесот на обработка на видео записите и извештајот ќе го дадеме. За жал, има елементи на повреда на правата во смисла на пречекорување на овластувањата на припадниците на полиција, изјави денеска […]

На 54 привремено вработени во „Водовод“ нема да им се продолжи договорот


Во скопското јавно претпријатие „Водово и канализација“ од работа ќе бидат избркани 54 привремено вработени, стручни лица, (водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал) на кои Управниот одбор на претпријатието, претседателот на УО Идриз Орана, заедно со членовите од ВМРО-ДПМНЕ, усвоиле одлука со која им се прекинува работниот однос. – Бројот на привремено вработени во […]

Крај „Лидл“ во Битола ќе никне трговски комплекс


  БИТОЛА – Општина Битола планира да гради комплетна инфраструктура за продажниот центар на познатиот синџир „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“ чии градби започнаа на локацијата на Дулие на самиот влез во Битола од страната на Прилеп. Изградбата на инфраструктурата: коловоз, канализациска мрежа, водовод, ново улично осветлување е дел од Програмата за развојни планови на […]

Бочварски: „Синохидро“ има рок до Нова година да работи на автопатот Кичево – Охрид


Ангажманот на експерт за Фидик договори, треба да донесе насока, во кој правец треба да продолжи државата во насока на завршување на овој проект, појасни денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. „Поддршката од страна на Фидик експертите ќе биде во насока на покажување на правците во кој правец треба да продолжи државата во […]

Ивановска: Пристапот до лекови е горливо прашање особено во земји со среден приход како Северна Македонија


„Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“ е насловена втората годишна конференција за здравство што во организација на Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Северна Македонија, (АмЧам), се одржува денеска во Скопје. – Нашaта мисија во здравството е заедничка и од клучно значење е да одвоиме време и да размислиме за нашите претходни […]

Објавен оглас за избор на нови членови на ДКСК, старите без право на реизбор


Објавен е јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата-ДКСК, и според одлуката донесена од Собранието на Република Северна Македонија, акутелните членови на ДКСК се без право на реизбор. Според конкурсните услови, лица кои во кој било мандат ја вршеле функцијата претседател на Државната комисија за спречување на […]

„Енерџипортал ЕУ“: Кој е најубавиот град во Македонија?


Специјализираното електронско списание „Енерџипортал ЕУ“ со седиште во Лондон, објавува текст посветен на убавините на Македонија, откривајќи некои од туристичките адути со кои располага земјата и активностите што би можеле да бидат интересни за секој гостин што ќе престојува тука. Авторот на текстот појасува дека е мала земја сместена во срцето на Балканот, е позната […]

Најмногу дожд во изминатото деноноќие на Попова Шапка, денеска дожд и грмежи


Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 16 литри на квадратен метар наврна на Попова Шапка, по што следат Лазарополе со 10, Тетово со три, Маврови Анови со два и во Скопје, кај Зајчев Рид – еден литар на квадратен метар. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на ноќта имаше мала […]

Втора годишна конференција за здравство на АмЧам во Скопје


Во Скопје денеска ќе се одржи втората годишна конференција за здравство во организација на Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам). Конференцијата е насловена како „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“. Како што појаснуваат организаторите, конференцијата има за цел да ја пренесе пораката за долгорочно и одржливо проектирање на целокупниот […]

Од денеска затворен локалниот пат до Блаце, пристапот обезбеден по привремен пат


Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот […]

Прелиминарна распределба на социјални станови во Неготино


Во Неготино денеска ќе се изврши прелиминарна распределба на социјални станови. Станува збор за вкупно 62 стана. На настанот, како што најавуваат од ресорното Министерство, ќе присуствува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Без вода скопските населби Маџари и Хиподром


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од населбите Маџари и Хиподром во Општина Гази Баба. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-100 мм на ул. „Жан Жорес“ бр.129. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.