Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на Бела ноќ 2023


И оваа година е обезбеден бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023. Како што соопшти Град Скопје, бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година). Традиционалната манифестација „Бела […]

Жичницата од недела ќе работи до 18 часот


ЈСП информира дека жичницата од недела (1.10.2023 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.   „Посоченото работно време е во согласност со одлуката за работно време на објектот за октомври и април“, велат од ЈСП. Од […]

Објавени се резултатите за сместување во студентските домови за бруцошите


Вселувањето во домовите започнува во понеделник, кога впрочем е и стартот на новата академска година. Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти во прва година запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година. Вселувањето во домовите […]

Делницата Битола – Меџитлија стана пат на смртта, жителите на Кравари гневни


  БИТОЛА – Две жртви во сообраќајни несреќи во последните десет дена, момче на 26 години и маж на 42 години, но и за влакно избегната сообраќајна трагедија во која ќе настрадаа 17 ученици го вклучи алармот на жителите на битолското село Кравари јавно да бараа поголема сообраќајна безбедност на обновениот патот Битола – Меџитлија. […]

Укината делумната забрана за движење во шуми


 „Национални шуми“ информира дека согласно нивното барање од 27 септември, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издаде согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. Укинувањето на делумната забрана за движење во шума стапува на сила од денеска.  Како што наведуваат од […]

Во понеделник ќе се одлучува дали ќе се дозволи отстрел на мечки


Откако од општината Маврово-Ростуше, побараа да се прогласи кризна  состојба на нивна територија поради проблемот со мечките на кој подолг период укажуваат, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, за понеделник свика состанок на група за процена, на која ќе се одлучи како да се реши проблемот.  – Отстрелувањето на мечките е најнеблагодарната и најнеблагородната метода, кон […]

Паркингот во Охрид од 1 октомври ќе чини 30 денари за час


 Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори на Општина Охрид, од 1 октомври цената на паркирањето возила низ Охрид ќе изнесува 30 денари за час. Таа цена ќе важи за сите зони низ градот за сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини извори“,  вклучувајќи […]

Град Скопје ќе објави меѓународен повик за учество во Скопје – европска престолнина на културата 2028


Програмата „Културата над поделбата” со која Град Скопје ја доби престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година ќе биде водилка за забрзан културен раст на Скопје и двигател на развојот на градот во годините што се пред нас. Визијата за Скопје2028 ќе овозможи Скопје да прерасне во неколкугодишна сцена која ќе овозможи граѓаните […]

Од понеделник почнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово


Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци. При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива […]

Од октомври почнува зимското работно време на паркинзите на „Градски паркинг“


 На 1 октомври почнува зимското сметање на работното време за зонско паркирање на паркинзите со кои стопанисува „Градски паркинг“ – Скопје. Како што соопштија денеска од ЈП „Градски паркинг“, работното време од понеделник до петок во зоните А, Б и Ц ќе биде од 07 до 21 часот и во сабота од 07 до 14 […]

Тренчевска: Родовото одговорно буџетирање е моја мисија


Родовото одговорно буџетирање е моја мисија, долгогодишна посветена работа која верувам дека ќе направи разлика, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето обраќање на состанокот на работната група за економско зајакнување на жените во Западен Балкан, која е во организација на UNDP и Friends of Europe. Целта на работната група, како […]

Маврово и Ростуше бара да се прогласи кризна состојба поради зголеменото присуство на мечки


Врз основа на донесениот заклучок на вонредна седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата поднела информација со барање за прогласување кризна состојба на цела територија на Општина Маврово и Ростуше. Ова е побарано откако во последните шест месеци е евидентирано зголемено присуство на кафената мечка на територијата на општината. […]

Бабовски во Брисел ги презентира мерките во справувањето со африканската чума кај свињите


Актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите во Европа, нужноста од преземање на координирани активности за нејзина контрола и искоренување, но и можни нови мерки кои би се презеле во иднина во оваа насока, се дел од темите на кои вчера и денес во Брисел дискутираа земјите членки на Глобалната рамка за прогресивна контрола […]

Оваа зима, најверојатно, ќе имаме многу снег


По топлата зима без снег лани, оваа година дел од предвидувањата на метеоролозите од ECMWF се дека снег во Македонија може да има уште во декември. За јануари, тоа е речиси повеќе од сигурно. Најновиот модел за предвидување на временските услови оваа зима покажуваат многу снег во Македонија и во регионот, особено во Бугарија. За […]

Исчезна кинески министер за одбрана. Го нема веќе еден месец, а Пекинг молчи


Кина одби да коментира каде се наоѓа нејзиниот министер за одбрана, иако се поставуваа прашања за неговата судбина еден месец откако тој последен пат беше виден во јавноста. Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, рече дека „не е запоснат со ситуацијата“ на прашањето дали министерот Ли Шангфу е под истрага. Исчезнувањето на Ли следи […]

Сирил Бомгартнер: Посебна свеченост за јубилејот 30 години француско-македонска соработка


 Република Франција и Република Северна Македонија годинава одбележуваат 30 години дипломатски односи и големиот јубилеј ќе го прославиме со посебна програма, изјави за МИА, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Како што во бракот, заедништвото се слави со бисери, така и ние ќе прославуваме со повеќе настани, бисери поврзани меѓу себе, потврди амбасадорот Бомгартнер. -Ние, оваа година […]

Активен пожарот кај прилепско Алинци, вчера изгаснати 25


Кај прилепското село Алинци се уште чади опожарената депонија, а пожарот на оваа локација е единствениот активен од 26-те што беа регистрирани вчера во државава. Од ЦУК информираат дека изгнаснати се 25 пожари во 24 општини, а гореле неколку депонии, стрништа, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума – даб и габер, […]

Во Куманово почнуваат меѓународните саеми „Органска Трпеза“ 2023 и „АгроМак“ 2023


Во Спортско рекреативниот комплекс во Куманово денеска ќе бидат отворени шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска Трпеза“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“. На саемот активно учество ќе земат околу 10.000 луѓе од кои 250 до 300 излагачи од Северна Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, […]

Сончево со умерена облачност, во Скопје со слаб до умерен ветер


 Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје, сончево […]