Млади новинари од Фондацијата „Метаморфозис“ беа на студиска посета во САД


Двајца практиканти во медиумите на Фондацијата „Метаморфозис“, Мета.мк и Портaлб.мк, заедно со двајца претставници на фондацијата, изминатиот период беа дел од еднонеделна студиска посета во Вашингтон, САД. Посетата ја организираше Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) кои се повеќегодишни партнери на Метаморфозис. Покрај средбите кои новинарите ги имаа со претставници на Меѓународниот центар за новинари, тие […]

Oтворен новиот објект на Психијатриска болница Скопје


Психијатриската болница доби нов објект кој се градеше повеќе од една деценија, соопшти денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на отворањето на новиот објект. „Нешто кое со години се чекаше да се заврши, конечно од денес почнува со работа. Новата болница е современо опремена, според меѓународни стандарди и јас сум уверен дека новите услови за […]

Протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија


Во организација на платформата „Одговорност“ денеска се одржа протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија. Даријан Петров, активист, театарски актер, кој е дел од организацијата, во своето излагање рече дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите. -Бидејќи немаме доверба во правосудниот систем, институциите решивме да делуваме, ја формиравме оваа […]

Општина Битола не е на чисто што сака – велосипедски патеки или дооформување на комплексот кај Офицерски дом


  БИТОЛА – Европскиот проект за изградба на велосипедски патеки во Битола со европски пари по втор пат не доби зелено светло на седницата на Советот на Општина Битола. Мнозинството во Советот, СДСМ заедно со двајца од независните советници на „Поинаку“, ДОМ и ДУИ гласаа против, ВМРО-ДПМНЕ беше за, а тројца советници се изјаснија за […]

Секој понеделник во училиштата во Аеродром ќе се интонира македонската химна


Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, најави градоначалникот Тимчо Муцунски.   – Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство […]

И со реконструкција на студентските домови се доцни, ама министерот нема вина


Најавените реконструкции на студентските домови не може да отпочнат, сѐ додека не се реши нивниот имотно-правниот статус. Со промените во Законот за градба, поголемиот дел од студентските домови се наоѓаат на државно земјиште, а тоа е случај и со повеќе јавни установи во земјава, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. – Очекувам […]

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер


Под итно да се набави лекот „фезго“, јавно побара денеска Елизабета Ристовска, пациентка со канцер од Скопје. -Терапијата „фезго“ што ја примаме на 21 ден, минатата недела ја немаше, денеска ми е термин да го примам лекот, до десет часот имало, од десет часот веќе нема од лекот и не враќаат, реагираше таа. Ова се […]

МО ја почна постапката за изградба на споменици кај Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце


Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце. – Со оглед на обидот на градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на […]

Критичкото мислење е основна придобивка од медиумска писменост


Клучните компетенции кои учениците ќе ги добијат преку развивање на медиумската писменост е критички да размислуваат, паметно да ги користат информациите, да препознаат искажано гледиште, одговорно да креираат содржини и да ја разберат целта на пораките, посочи на денешната панел дискусија професорката Виолета Петроска-Бешка, која е претставничка на работната група за изготвување на Рамката за […]

Европска делегација во посета на Скопје кој во 2028 ќе биде престолнина на културата


Град Скопје е домаќин на делегација на Европската Унија која е во неколкудневна посета на градот Скопје Европската престолнина на културата 2028. „На средбата градоначалничката Данела Арсовска пред делегатите ја претстави визијата и програмата која предизвика огромен интерес во Европската Унија, а на Скопје му ја донесе престижната титула, од која бенефит ќе имаат сите […]

Топло со свежи утра, од четврток попладне дожд


Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. В четврток и в петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд, соопшти УХМР.  Времето утре преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде свежо.  Во Скопје […]

На Медицинскиот факултет пријавени над 900 кандидати


Интересот за медицинските науки е голем. Годинава, биле пријавени над 950 кандидати, а денеска на првиот академски час индекс им беше врачен на повеќе од 700 бруцоши. – И оваа како и претходните години, интересот за студии на нашиот факултет останува голем, што се покажува и со бројот на пријавени кандидати за упис во оваа […]

Учебници ќе се делат и во сабота и недела, оти дојде октомври


  Денеска почнала дистрибуцијата на учебниците за шесто одделение, за кое, од годинава, настава се одржува според новата концепција. Се доставуваат и учебници до средните училишта, но и тамо со одложување. „Од почетокот на новата учебна година јас изјавив дека крајот на септември и почетокот на октомври ќе се поделат учебници. Денеска во дел од […]

На сите вработени во МВР денеска им е исплатена 10 проценти зголемена плата


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  информира дека денеска на сите вработени во МВР им е исплатена за 10 проценти зголемена плата. – Со посебно задоволство можам да кажам дека од 2016 досега реализиравме 5 покачувања на платата за сите вработени во МВР, и тоа во 2016, 2019, 2022 за 5 проценти, во март 2023 […]

Почнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово


Од денеска ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта. При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со […]

На универзитетите симболично одбележување на почетокот на новата академска 2023/2024


Свечености и симболично означување на почетокот на новата академска 2023/2024 за денеска најавуваат универзитетите. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова по повод првиот академски час ќе се обратат пред студентите на Медицинскиот факултет.  Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува на церемонија […]

Сончево со мала локална облачност, продолжува топол период


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец, наместа со брзина и над 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 2 октомври 2023 година, 275-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 100 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 31 минута, а ќе зајде во 18 часот и 14 минути. Денов трае 11 часа и 43 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Утре почнува исплатата на зголемените пензии


Исплатата на покачените пензии за 5,3 отсто започнува утре, најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус, а пензионерите, со најниски пензии ќе добијат само 700 денари. – Согласно методологијата и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември ќе биде зголемена за 5,3 отсто. Ова е второ усогласување за […]

Делегација на Општина Берово го посети гробот на починатиот пожарникар Жан Кофол


Со посета на гробот на прерано починатиот пожарникар Жан Кофол, Општина Берово го одбележа споменот на двегодишнината од неговата смрт. Активноста е дел од посетата на делегацијата од Општина Берово на Општина Нова Горица во Република Словенија. – Жан Кофол беше млад доброволен пожарникар од Словенија кој учествуваше во гаснењето на пожарите кои избувнаа во […]