Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во латино танци


Скопје ќе биде домаќин на над 2000 танчери од повеќе од 20 земји од светот на Светскиот шампионат во латино танц, што ќе се одржи од 6 до 10 ноември оваа година. -Бидејќи подготовките за овој грандиозен настан се во полн ек, исчекувањето се зголемува, а Скопје е подготвено да ги пречека највештите и најстрасните […]

УХМР: Во Берово утринската температура два степена


Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени два степени, а највисоката утринска температура во државава е во Дојран, 12 степени. Според УХМР, четири степени се измерени во Лазарополе, пет во Битола, шест во  Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, Крива Паланка, Маврови Анови, седум во Демир Капија, осум во  Куманово, Велес, Прилеп, Претор, девет во Скопје-Зајчев Рид, […]

Здружението на контролори на летање поддржува штрајк – работиме во супстандардни услови


Здружението на контролорите на летање на Македонија (ЗКЛМ)  денеска соопшти дека дава целосна поддршка на барањата на Струковиот синдикат на контролорите на летање кој најави штрајк за 12 октомври и истакнува дека се поклопуваат со целите и програмата на ЗКЛМ. -Најавениот штрајк од ССКЛ е кулминација на претходните наши континуирани заеднички барања за подобрување на […]

„Пејзаж на вознемиреност – единаесет критични жешки точки во Македонија“ во МСУ


Вечерва во Музејот на современата уметност, во 19 часот ќе биде промовиран настанот „Пејзаж на вознемиреност – единаесет критични жешки точки во Република Северна Македонија“, во чии рамки е предвидена промоција на публикација, изложба на фотографии и презентација на проф. д-р Трајче Стафилов и Тихомир Топузовски  Настанот е резултат на неколкумесечното истражување и изложба со […]

Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност


Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 4 октомври 2023 година, 277-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 98 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 33 минута, а ќе зајде во 18 часот и 11 минути. Денов трае 11 часа и 37 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре без струја


Сите потрошувачи од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше утре од 9 до 17 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Електродистрибуција. Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што велат, е планиран зафат од страна на државната енергетска компанија ЕСМ.

Амнестијата влезе во Собрание, ќе помине ли предлогот на Лога за растеретување на затворите?


Предлог-законот за амнестија пристигна во Собранието. Кога ќе се гласа останува неизвесно, но најверојатно ќе биде идната недела, со оглед на тоа што министерот за правда Кренар Лога најави дека ќе биде на службен пат во САД, а сака самиот да го брани законското решение пред пратениците. Предлог-законот ќе се носи по скратена постапка, но […]

Нема да има отстрел на мечките, ќе се дохрануваат и ќе се дислоцираат


Владата на денешната седница го разгледала и Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со кој членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше. Биле разгледани превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, […]

Со работна група ќе се бара решение за проблемите на судската администрација


Владата на Република Северна Македонија на денешната 189-та седница ја усвои Информацијата од Министерството за правда за изнаоѓање решение околу актуелните барања и посочени состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа. – Владата одлучи во рок од седум дена да биде формирана работна група составена од министерот […]

Реакција од М-НАВ по најавите за штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај


Во врска со последните изјави од страна на претседателот на Струков синдикат на контролори на летање (ССКЛ) укажуваме дека истите се тенденциозни и не ја кажуваат вистинската слика на работење во М-НАВ и прават опструкција на проефесионалното работење  на М-НАВ, која е сериозна компанија и го менаџира авиосообраќајот над нашето небо.  М-НАВ е институција која […]

Од утре почнува аплицирањето за зелена карта за САД


 Сите заинтересирани граѓани од утре до 7 ноември годинава, до 18 часот, можат бесплатно да се пријавуваат на лотаријата за зелена карта за 2025 година. Кандидатите може да се пријават на официјалната веб-страница  на  американскиот Стејт департмент https://dvprogram.state.gov/ , на која има целосни инструкции. – Им препорачуваме на кандидатите да аплицираат порано и лично да ги подготват […]

Пожарот кај Горно Јаболчиште се гаси со авион


Три „ер трактори“ од Дирекцијата за заштита и спасување се приклучија на Ј.П „Национални шуми“, Подружница Бабуна Велес, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар кој изби на отворен простор во месноста викана Ламја над село Горно Јаболчиште.  Како што информираа денеска од Центарот за управување со кризи теренот е непристапен, вегетацијата е сува […]

Голем пожар кај Зелениково


Попладнево избувна голем пожар во Општина Зелениково помеѓу селата Вражани и Моране. Гори висока сува трева, нискостеблесто деградирано, смрека и млада дабова и габерова шума, информираат од ЦУК. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје со возила се на терен, но еден крак од пожарот е веќе пројден на висок и непристапен терен. Поради теренската […]

„Макпетрол“ и Општина Центар со едукативни работилници против врсничкото насилство


Предавања и дискусии на темата булинг ќе се организираат во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар во рамки на „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Како дел од овие активности, компанијата ќе испечати и едукативен материјал на темата за учениците од шесто до деветто одделение.  – Ако се знае […]

Попусти, шопинг, концерт, забава –  Skopje City Mall слави 11!


Време е за нова роденденска дружба, големи попусти, добра забава, многу награди проследени со супер атмосфера во Skopje City Mall за нашиот 11ти роденден! Ви нудиме пријатно шопинг искуство, проследено со жешки попусти како и супер забава која ќе трае од 8 до 10 октомври. Славиме роденден, а тоа значи… Петок и сабота ќе ве […]

Георгиев бара да се одобрат пари за судската администрација, оти судовите ќе се блокираат


 Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев го повика министерот за финансии да одобри средства за исплата на дотатоците на судските службеници и администрација, бидејќи како што вели судовите ќе се блокираат. Судскиот совет вчера нема донесено одлука за  додатоците на плата, од причина што немаат средства за исплата. Георгиев истакна дека проблемот со финансиската зависност […]

Пуштена фотоволтаичната централа на штипска Апелација


 Пуштена во употреба фотоволтаичната централа која е поставена на кровот на штипскиот Апелационен суд. Овае пилот проект, а штипска апелацијата е првиот суд во државата на чиј кров е поставена  централа, која од сонце ќе произведува струја. Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев упати апел и до останатите судови во државата да ја следат вакавата […]

Ковачевски: Предлог-законот за амнестија не е правен за личности


 Предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Законот беше изработуван неколку […]

Општина Илинден обезбеди продолжен престој и за учениците од второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“


  Во ПООУ „Гоце Делчев“ од вчера започна продолжен престој и за учениците од второ одделение, кој го обезбеди градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во продолжениот престој за второ одделение има вкупно 31 дете и се сместени во просторија комплетно опремена за таа намена.  Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети училиштето […]