Најмногу дожд во Попова Шапка, услови за снег на планините на северозапад


Фото: Б. Грданоски

 Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 14 литри на метар квадратен наврна на Попова Шапка,  10 литри  во Тетово и Маврови Анови, осум во Крушево, пет во Берово и Лазарополе,  четири во Охрид, три во Претор и Виница, два во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Дебар, еден во Скопје Зајчев Рид, Битола, Куманово, Струмица, Велес, покажуават мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 метри надморска височина врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.