Несекојдневно: Донеси стари батерии и влези си на концерт


Несекојдневен начин на плаќање за билет за присуство на концерт. Имено, во Скопје ќе има еко концерт, на мандолинскиот оркестар „Скопје“, а за влез се наплаќа со оставање стари батерии или ситен електронски отпад.

Концертот е закажан во Музејот на македонска борба на 14.11.2023г. вторник во 20 часот.

– Еко концерт со мотото „Селектирај повеќе, направи повеќе” со нашите музички амбасадори Mandolin orchestra “Skopje”- Мандолински оркестар ”Скопје” раководен под диригентската палка на Ерхан Шукри – велат организаторите.

Спој на убави мелодии и инспиративни содржини за правилна селекција и рециклирање на електронскиот отпад и отпадни батерии .

Влез слободен, понеси стари батерии или ситен електронски отпад и биди дел од мисијата за чиста и здрава животна средина.