Само два часа беше отворен превојот Стража за тешки товарни возила, поради снег, повторно е затворен


Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 12.20 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Утрово од 8.30 часот, овој превој, исто така беше затворен за сообраќај на тешки товарни […]

ЗОО Скопје се огласи по трагедијата откако угина последната жирафа Флопи


Во еден ден, во скопската зоолошка градина, се случија две трагедии. Имено, прво се прошири веста дека починал негувателот нажирафите Ристе Трајковски и тоа само на возраст од 44 година, а неколку часа подоцна, угина и последната од трите жирафи, Флопи. „Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години […]

Битола не е само Широк Сокак, Старата чаршија е посебен бисер


  БИТОЛА – Има многу архитектонски бисери и цели чудесни мали квартови во Битола. Не е само Широк Сокак, Старата чаршија е убавина сама за себе. Дуќанџиите од чаршијата велат дека не треба најголемиот дел од вниманието да му се посветува на Широк Сокак, туку и дека чаршијата со тесните поплочени улички, многуте дуќани и […]

Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на ДКСК


Многу политички експонирани личности се пријавија на конкурсот за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција, смета актуелната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска.   – Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). […]

Вклучување на децата Роми во предучилишно образование


– Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка […]

Штрајк на вработените во „Комунална хигиена“ Тетово – не им се исплатени платите


Работниците во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ – работната единицата „Комунална хигиена“, денеска почнаа штрајк поради неисплатени повеќе плати и немање здравствено осигурување. Работниците од прва смена, како и дел од другите смени, се собраа пред просториите на „Комунална хигиена“ и не отидоа на терен за да го собираат сметот од контејнерите. – Се собравме денеска […]

Мерна станица за квалитет на воздухот ќе биде поставена во близина на „Цементарница“


Општина Кисела Вода ќе набави мерна станица за квалитет на воздухот која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката „Цементарница“. Како што известуваат од општината, денеска на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан оглас за јавна набавка, со што наскоро граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух.   – Ова […]

МВР: Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време


Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните кои имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје се известуваат дека закажаните термини ќе бидат реализирани, информираат од Министерство за внатрешни работи. -Согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во […]

Со сезонска ски-карта од „Ресорт Маврово“ може да се скија низ поранешна Југославија


Со купена ски-карта во „Ресорт Маврово“ може да се ужива и во убавините и услугите на „Олимпискиот центар Јахорина“, Босна и Херцеговина, откако претставниците на двата скијачки центри потпишаа Договор за меѓусебна соработка.  Ова значи дека секој што ќе купи ски карта од „Ресорт Маврово“, бесплатно, може да скија два дена во “Олимписки центар Јахорина“. […]

 „Винодонија“ на 8 и 9 декември во хотел „Мериот“


Седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, и годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 8 и 9 декември (петок и сабота), ќе ги израдува сите вљубеници на оваа божја напивка а работното време во двата дена ќе биде од 15- 21.00 часот.  „Винодинија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат- рај за хедонисти, бидејќи […]

Блинкен ќе и се заблагодари на Македонија за лидерската улога


Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за улогата на Организацијата во промовирање на безбедноста во регионот при што ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти синоќа Стејт департментот.  Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во […]

Екопатролата на „Комунална хигиена“ поучила 17 несовесни одлагачи на отпад – нема кој да ги казни


Во текот на ноември, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош. Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека активностите се одвивале на булеварите „Илинденски одреди“, […]

Отповикани повеќе судења на Кривичен поради Самитот на ОБСЕ


Самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје отповика неколку термини на закажани рочишта во Основниот кривичен суд Скопје, помеѓу кои се и судењата за „Ласкарци“, „Жан Митрев“ и „Титаник“. Претходно закажаниот термин за главна расправа за сообраќајната несреќа кај Ласкарци на 30 ноември беше отповикан поради одлуката на Владата за неработен ден. Судењето ќе […]

Брзиот автобуски превоз во Скопје е заложник на политиката


Скопје нема наскоро да добие брз автобуски транспорт, затоа што откако две години градоначалничката Данела Арсовска го држеше во фиока проектот, сега советниците не даваат дозвола за почеток на изведбата. На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град, Горјан Јовановски не гласаа за негово имплементирање. […]

Сѐ уште не е пронајдено исчезнатото девојче од Скопје – се прегледуваат камери


Четиринаесетгодишната Вања од Скопје сѐ уште не е пронајдена, дури и по 24 часа откако беше пријавено нејзиното исчезнување. Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а беа проверувани и снимките од безбедносните камери. Министерството за внатешни работи информира дека и денеска се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишното девојче […]

Најстудено во Берово, најмногу снег во Ѓуриште


Утрово најниска температура од -7 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат  Попова Шапка со -5 степени, -4 Крива Паланка и Битола, -3 Прилеп, -2 Лазарополе, Крушево и Струмица, -1 Тетово, Маврови Анови, Виница, 0 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, 1 Штип, Дојран, 2 Демир Капија, Куманово, Велес […]

Забрана за тешки товарни возила преку Стража


Од утрово воведен забрана за тешки товарни возила преку Стража, соопшти АМСМ. Имено, од 8.30 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин Стража.

Дел од Кисела Вода без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Саса“, „Јабланица“, ул.„1438“ и ул.„1439“ во Општина Кисела Вода. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна цевка Ф110мм на улица „Саса“ бб во населбата Пинтија спроти „Бујо Градба“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со […]

Неколку сообраќајници затворени за сообраќај поради генералната проба за Самитот на ОБСЕ


Неколку сообраќајници во Скопје денеска ќе бидат затворени како дел од генералната проба во пресрет на 20. Министерски совет на ОБСЕ што од среда до петок ќе се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“.  Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Св.Климент Охридски“ до […]

Спасовски учествува на Конференцијата на глобалниот сојуз за борба против криумчарењето мигранти во Брисел


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе учествува на Меѓународната конференција на глобалниот сојуз за борба против криумчарењето мигранти, организирана од Европската комисија, во чии рамки ќе има обраќање на панелот насловен „Одговор на криумчарењето мигранти“.   Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на Конференцијата ќе присуствуваат претставници на земјите членки на […]