Ловечката федерација се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска


Ловечката fедерација на Македонија преку социјалните мрежи ги повика сите ловци да се вклучат во потрагата по Вања Ѓорчевска. Тие апелираа за секоја информација да се извести Министерството за внатрешни работи. МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска откога вчера, во 8.35 часот утрото, мајка ѝ пријавила дека е исчезната. Министерството за внатрешни работи со […]

Сообраќајот по претежно влажни коловози, снежни врнежи на превојот Стража и во Крушево


Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози. Како што информира АМСМ, врнежи од снег има во Крушево и на планинскиот превој Стража каде што е укината забраната за тешки товарни возила. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од […]

Со нов лет од Белград донесени гостите за ОБСЕ кои денеска не слетаа поради технички проблеми


Вечерва со специјален вонреден лет од Белград за Скопје пристигнаа патниците кои денеска беа во авионот кој поради технички проблеми се врати во Србија. Нешто пред 19 часот, авионот на Ер Србија успешно слета на аеродромот во Скопје и ги донесе гостите за утрешниот состанокот во рамките на министерскиот состанок на ОБСЕ. Меѓу патниците имаше […]

МВР ги објави улиците кои ќе бидат затворени утре и задутре


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата […]

Лога за Судскиот совет: Некои од вас ќе си заминат дома!


Министерот за првада Кренар Лога ја продолжи серијата меѓусебни препукувања со Судскиот совет овојпат обвинувајќи ги за лицемерие и глумење дека работат додека чуваат предмети во фиока.  – Судскиот совет, наместо да делува законски и да презема дејствија против незаконските постапувања на одредени судии и претседатели на судови, цело време неодговорно се брани со јавна […]

Авиосообраќајот за време на состанокот на ОБСЕ ќе се одвива вообичаено, не се очекуваат доцнења


Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје на 29-ти ноември, 30-ти ноември и 1-ви декември, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно, информираат за МИА од ТАВ Македонија. И од Македонска навигација М-НАВ, националниот давател на услуги за воздухопловна навигација не очекуваат никакви доцнења на редовните авиолинии или […]

Со средства од Бирото за регионален развој ќе се подобруваa патиштата во пехчевски Чифлик


Општина Пехчево ќе ја подобрува патната инфраструктура во селото Чифлик. Средствата, како што информираше градоначалникот на Општината, Александар Китански, се обезбедени од Бирото за регионален развој согласно со јавните повици од страна Бирото за регионален развој. – Во рамки на овој повик потпишав договор за финансирање од страна на Министертвото за локална самоуправа, преку Бирото […]

Судскиот совет контра Лога – сака да решава тајно, а не јавно


 Во врска со изнесениот јавен став на министерот за правда, Кренар Лога кој побара од Судскиот совет, поради конфликт на интереси да го изземе членот Лорета Ѓорѓиева од Комисијата на известители по поднесено барање  за утврдување на одговорност за судија, Судскиот совет на Македонија објави соопштение, во кое изразува искрено верување дека „на министерот му […]

Во последните три години во Македонија исчезнале над 70 малолетници


Неколку дена пред да профункционира системот за рано предупредување за исчезнати деца – „Најди ме“, јавноста во Северна Македонија е на нозе во потрага по 14-годишно девојче во Скопје, коешто исчезна на пат кон училиште. Потрагата трае повеќе од 24 часа – во неа се вклучени полицијата, семејството, но и бројни граѓани и соученици коишто споделуваат објави […]

МВР објави фотографија и опис од исчезнатата Вања Ѓорчевска


Министерството за внатрешни работи денеска објави фотографија и опис за Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Северна Македонија. -ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса […]

Патишта и проекти за развој на туризмот се реализираа во општините од североисточниот регион


Бројни проекти за изградба на патишта во помалку развиените општини како и проекти од туризмот се реализираа тековната 2023-та во североисточниот регион, информираа денеска од Центарот за развој на североисточниот плански регион (СИПР) Куманово. – Од две апликации, финансирани и одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој реализирани се повеќе патни правци. Во Крива Паланка […]

Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ


Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски совет на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените […]

СДСМ бара оставка од Мизрахи заради злоупотреба на комисијата за Онкологија


И денеска нема закажано седница на анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ втор ден бега, објави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Марковска.Таа вели дека срамна и неодговорна е злоупотребата на анкетната комисија  од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи. „ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле […]

Се прекинува стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план на Струмица


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска објави известување за прекинување на стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план за град Струмица. Како што стои во известувањето, прекинувањето е по предлог на Комисијата за урбанизам, формирана од градоначалникот, како и предлогот од Комисијата за стручна расправа, постапката за стручна расправа со јавна презентација и јавна […]

Грковска вели дека дигиталниот развој мора да биде инклузивен


  Славица Грковска, учествува на првата Глобална конференција на сајбер капацитети (GC3B) 2023 на тема „Сајбер отпорност за развој“, која од денеска до 30 ноември се одржува во Акра (Гана). Минатиот ноември Северна Македонија стана 103-тата членка на Глобалниот форум за сајбер експертиза и со тоа се вброи во земјите кои активно се залагаат за […]

Анима Мунди бара оставка заради смртта на жирафата Флопи


Итно да се истражи и соопшти од што вчера почина жирафата Флопи!- бара невладината организавија Анима Мунди.   -Што се случува со Зоо Скопје, кој ја мониторира здравствената состојба и ја гарантира безбедноста на животните? Се откри ли кој ги отру и уби ретките коњи пред неколку месеци? Која е причината што вчера почина и […]

Општина Тетово ветува исплаќање на платите за „комуналците“ и сигурност во новото претпријатие


Општина Tетово преку соопштение информира дека е информирана за моменталната состојба во однос на општинските претпријатија. „За справување со предизвиците и неуспехот на општинското претпријатие, одлучено е формирање на две нови претпријатија, едно за водовод и канализација, и едно за менаџирање со отпадот. Важно е да се напомене дека Општина Тетово веќе има потпишан договор […]

Лукаревска: СДСМ ќе ја формира идната влада


По следните избори СДСМ ќе формира влада, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во утринската програма на „Слободен печат“. -Престојните избори ќе бидат во корист на СДСМ и ќе добиеме повторна шанса од граѓните, убедена сум, истакна Лукаревска.Таа додаде дека Ковачевски како премиер кој ја води Владата веќе две години, ќе има уште еден […]

Сотирова Бухова: Заклучоците на Анкетната комисија за Онкологија се политички реваншизам


Поранешната директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова преку пишан допис до медиумите реагира на предлог заклучоците за нејзина политичка одговорност на собраниската Анкетна комисија за случајот со Онкологија. – ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира […]

Поради Самитот на ОБСЕ, градските царински испостави ќе работат само со дежурни екипи


Согласно донесениот заклучок на седница на Владата на Република Северна Македонија, а по повод Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територија на град Скопје на 29.11.2023 година (среда) да заврши во 12 часот, а 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за […]