Облачно, со врнежи од дожд


Времето ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 28 ноември 2023 година, 332-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 33 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минута, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее […]

Ако Судскиот совет треба да се распушти, ќе се согласиме, вели претседателот Георгиев


  Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, вели дека доколку Оценската мисија на Европската унија заклучи дека Судскиот совет треба да биде распуштен, ќе ја почитуваат таа одлука. За емисијата „360 степени“ што се емитува на МРТ 1, Георгиев рече: „За мене зборувам, нема проблем. Ако е таква перцепцијата, ако е тоа препорака од релевантен […]

Министерот Лога се сретна со претставници на Здружението на портали


Министерот за правда Кренар Лога се сретна со претставници на Здружението на портали „onlinemedia.mk“, известуваат од Министерство за правда. – Се дискутираше за измените на Изборниот законик, препораките на ОБСЕ/ОДИХР и забелешките кои ги има здружението во делот на политичко рекламирање, како и улогата, статусот, правата и обврските на интернет медиумите во нашата држава, информираат […]

Живко Попов избран за нов претседател на МАНУ


  Собранието на Македонската академија на науките и уметностите, на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов. Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава. Членови на новиот состав на Претседателството се: […]

Марија Јаническа е нов директор на ОТА


   Марија Јаническа е новиот директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). На денешната 131. седница на Собранието беше донесена одлуката за изборот на Јаническа. Во салата на Собранието беа присутни 93 пратеници, а за оваа точка пратениците гласаа едногласно. Јаническа  е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. […]

Општина Карпош ќе набави револуционерен чистач на отпад со 0 загадување


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска потпиша договор со Бирото за регионален развој за набавка на две машини со висока технологија кои значително ќе придонесат за побрзо и поефикасно одржување на хигиената во општината. Како што соопштија од локалната самоупрваа, првата машина е мал паметен чистач со 0 загадување, наменета за чистење во урбаните […]

Хаосот во сообраќајот заради ОБСЕ почнува од утре со генерална проба


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2023 година (вторник) од 09 до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“, кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на […]

Во најголемата градинка во Струмица ќе се отвори и сензорна соба


Сензорна соба ќе добие во наредниот периот најголемата градинка во Струмица „Виножито“, најави при денешната посета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. „Впрочем задоволство ми е да кажам дека оваа градинка е најголема во општина Струмица, инвестиција на Министерството за труд и социјална политика во вкупна вредност од околу 2 милиона евра, која […]

Почина зоо-негувателот Ристе Трајковски, кој беше многу поврзан со жирафите


Зоо-негувателот Ристе Трајковски, познат по љубовта и негата што им ги посветуваше на жирафите во скопската зоолошка градина, почина на 44-годишна возраст. – Штом ќе дојдам на работа влегувам кај нив за да проверам дали е сѐ под контрола. Потоа се подготвувам за сите задачи што ги носи новиот ден. Прво им ги средувам надворешните […]

Аеродромци може да ја користат дигиталната платформа „е-Логес“ за голем број општински услуги


Минатата недела во општина Аеродром беше промовирана првата платформа за дигитални општински услуги е-Логес. Истата беше презентирана и пред заинтересирани граѓани и претставници на невладиниот сектор од Аеродром и Кисела Вода. – Е-Логес е платформа финансирана од УНДП, која во моментов ја користат 18 општини. Преку неа, во наредниот период граѓаните ќе можат онлајн да добијат […]

Николовски: Го збогатуваме шумскиот фонд со нови 1.200.000 садници


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со министерката за животна средина Каја Шукова, претставници на ЈП „Национални шуми“, здружението „Мен енд Маунтен“ и општествено одговорните компании денеска на локацијата во близина на езерото „Младост“ во Велес, ја продолжија големата акција за пошумување „Ајде да пошумуваме заедно“. Акцијата за пошумување, како што информира […]

Вработените во „Алкалоид“ собраа 2 тона храна и облека и 340 единици крв во соработка со Црвен крст


Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина. […]

Кацарска за бугарска Нова: Нема законска пречка Бугарите да влезат во Уставот


Претседатеката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во интервју за бугарската телевизија Нова  порача дека нема законска пречка граѓаните кои се чувствуваат како Бугари, Албанци, Срби или Турци, да се изјаснуваат како такви.  Таа додаде дека никому не му е попречено правото слободно да ја изразува својата национална припадност, вклучувајќи го и секој попис на населението. […]

Автобусите на ЈСП во четврток ќе возат по саботен возен ред


ЈСП Скопје информира дека поради одржувањето на Министерскиот самит на ОБСЕ ќе има промени во возниот ред. Од претпријатието информираат дека јавниот превоз во среда ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред. Во четврток автобусите ќе возат по саботен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација во четврток нема да работат, а во среда […]

Во Брисел денеска започна скринингот за Поглавјето 12: Нема ништо поважно од здрава и безбедна храна


Во Брисел денеска започна билатералниот скрининг за Поглавјето 12, „ Безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика “ дел од Кластер 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Ова поглавје опфаќа детални правила и мерки од областа на безбедноста на храната, воспоставување правила за заштита на потрошувачите, хигиена и презентација на прехранбените производи, контроли и механизми за […]

Мизрахи соопшти нејзини заклучоци за Онкологија, па даде пауза. СДСМ бара оставка од неа


  Членовите на Анкетната комисија за Онкологија на денешната седница не може да се усогласат за заклучоците од досегашната работа за утврдување на политичка одговорност. Претседателката на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија, Рашела Мизрахи, на денешната седница соопшти дека заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на […]

Со 13 милиони евра ќе се намалува јазот меѓу Североисточниот и Скопскиот плански регион


 Директна финансиска поддршка од 800 милиони денари (13 милиони евра)  за 129 нови проекти ќе бидат распределени во општините и планските региони во државата преку Програмата за регионален развој. Договорите за финансирање на проектите, од кои 29 се за планските региони, а 100 за општините беа потпишани денеска во Владата. Парите се наманети за развој […]

Мурал посветен на Александар Џамбазов осамна во Дебар Маало


Со цел да го збогати визуелниот изглед на објектите, Општина Центар изработува мурали и графити на одредени локации во општината. Од вчера муралот на македонскиот доајен Александар Џамбазов го краси ѕидот на ул. Орце Николов во Дебар Маало, близу Наџак. Муралот го насликаа уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски […]

Во среда скратено работно време, а четврток неработен ден за скопската администрација


Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека : Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а […]