Какво време нè очекува во првиот ден од годината


Фото: Б. Грданоски

 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Температурата ќе се движи од -3 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла. Температурата ќе биде од -1 до 8 степени.