Зошто локалитетот Скупи потона во заборав?
Потпишувањето на Меморандумот на Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт за истражување, вчера, го врати од заборав римскиот град Скупи, едно од најзначајните археолошки места во Македонија, лоциран на падините на Зајчев Рид и оддалечен одвај пет километри од центарот на Скопје. Локалитетот, дотогаш запуштен, со густа вегетација, диви животни и отпад, …