Портрет на лауреатот на „Златен венец“ и соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП


 Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година словачкиот поет Иван Штрпка во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 64. издание на Меѓународната поетска манифестација. Претходно на прес-конфереција ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу …

Портрет на лауреатот на „Златен венец“ и соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП Read More »

Три награди за „Диџеј Ахмет“ на 31. Сараево филм фестивал


Дебитантскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски ја доби наградата „Перспективи на младите“ (Youth Perspectives), на 31. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа. Наградата изнесува 7.500 евра, а ја финансира Советот на Европа. Филмот ја доби и наградата на порталот Cineuropa, веб-страница посветена на европската кинематографија и филмските професионалци и „се доделува на филм …

Три награди за „Диџеј Ахмет“ на 31. Сараево филм фестивал Read More »

Претставена тематска антологија „Дионис и Свети Трифун“ на СВП


Учесниците на 64-тите Струшки вечери на поезијата вчера имаа можност да присуствуваат на поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година, Андреј Ал-Асади, Јулијана Величковска, Гордана Михаилова Бошнакоска, Виолета Танчева-Златева и Бранко Цветкоски, и да испијат поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ за 2025 година, словачкиот поет Иван …

Претставена тематска антологија „Дионис и Свети Трифун“ на СВП Read More »

Во интимниот архив на Жанета Вангели и четири децении македонска современа уметност низ нејзините очи


Чифте амам синоќа беше храм на уметноста, а публиката беше сведок како 300 фотографии, уметнички дела, инсталации и објекти се претвораат во своевидна жива историја на културната меморија. Ништо помалку не се очекува од мултимедијалната уметница, една од најзначајните и најавтентични фигури на современата македонска уметничка сцена, Жанета Вангели (1963, Битола) чија работа четири децении …

Во интимниот архив на Жанета Вангели и четири децении македонска современа уметност низ нејзините очи Read More »

Глаголицата во фокус на 64. СВП: Во Струга заживеа и како визуелна рефлексија


Фокусот на годинашното 64. издание на Струшките вечери на поезијата, кој стартуваше синоќа, и ќе трае до 25 август, е Глаголицата, како мост кој обединува низ вековите. Токму затоа, за негова промоција подготвени се графички и видео содржини, кои во себе ја обединуваат глаголицата како фонд, кој реферира на првата неофицијална кодификација на македонскиот јазик …

Глаголицата во фокус на 64. СВП: Во Струга заживеа и како визуелна рефлексија Read More »

Аница Добра (62) блесна на црвениот килим во Сараево


Аница Добра некогаш беше симбол на убавина и актерка која воздивнуваше низ цела поранешна Југославија, а дури и денес, децении подоцна, таа плени внимание со својата елеганција и шарм. Нејзиното појавување на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево, каде што прошета во елегантен црн ансамбл, привлече големо внимание. Се одлучи за тесна јакна од …

Аница Добра (62) блесна на црвениот килим во Сараево Read More »

Вилем Дефо го прими Почесното срце на Сараево: Среќни сте што имате ваков филмски фестивал


Како признание за неговиот извонреден придонес во филмската уметност, на актерот Вилем Дефо му беше доделена наградата „Почесно срце на Сараево“ на 31-от Филмски фестивал во Сараево. „Многу сум среќен што сум тука; тоа е вистинска чест. Имате голема среќа што го имате овој филмски фестивал. Фестивалите се исклучително важни, сега повеќе од кога било, …

Вилем Дефо го прими Почесното срце на Сараево: Среќни сте што имате ваков филмски фестивал Read More »

Со поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 продолжуваат СВП


Со поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година, Андреј Ал-Асади, Јулијана Величковска, Гордана Михаилова Бошнакоска, Виолета Танчева-Златева и Бранко Цветкоски, како и портрет на минатогодишната добитничка Катица Ќулавкова, денеска во Струга продолжуваат 64-тите Струшки вечери на поезијата. Во рамките на програмата предвидено е поетско кафе со добитникот на …

Со поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 продолжуваат СВП Read More »

Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот: Сиљановска-Давкова ги отвори 64-те Струшки вечери на поезијата


Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот, градејќи вечни поетски мостови од неуништливи материјали: мислата и зборот, проткаени со ум и чувства, заклучи вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, прогласувајќи ги за отворени 64-те Струшки вечери на поезијата. Во обраќањето на манифестацијата, чиј годинашен покровител е, пред поетите, но и бројните критичари, преведувачи, …

Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот: Сиљановска-Давкова ги отвори 64-те Струшки вечери на поезијата Read More »

Последен поздрав за великиот поет и пријател, Сретен Перовиќ


На 17 август, на деведесет и тригодишна возраст, почина Сретен Перовиќ, великиот црногорски поет и пријател на Македонија. Долги години тој беше во контакт со нашата книжевна и, воопшто, со нашата културна средина, секогаш присутен на големите книжевни манифестации кај нас – на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби и, исто така, како претседател …

Последен поздрав за великиот поет и пријател, Сретен Перовиќ Read More »

Нашите „мали јазици“ прават значајни дела и потребно е светот да ги слушне, рече венценосецот на СВП Иван Штрпка


Македонија е држава што знае да ги почитува вистинските вредности и задоволство ми е што денес сум присутен меѓу вас. Словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база, а „малите јазици“ прават вакви значајни дела и потребно е светот да ги слушне и дознае за нив, истакна денеска на прес-конференција во Струга, лауреатот на СВП, …

Нашите „мали јазици“ прават значајни дела и потребно е светот да ги слушне, рече венценосецот на СВП Иван Штрпка Read More »

Со европската премиера на „Приказната на Електра“ спуштена завесата на јубилејното 65.„Охридско лето“


Бурни овации за европската премиера на „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски која вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“  го затвори 65. „Охридско лето“. Изведбата на претставата, не само што се истакна со својата оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство …

Со европската премиера на „Приказната на Електра“ спуштена завесата на јубилејното 65.„Охридско лето“ Read More »

22 дела во вториот круг за наградата „Драги“ за 2025


  Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов на својот работен состанок одржан на 20 август 2025 (среда) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 13 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од …

22 дела во вториот круг за наградата „Драги“ за 2025 Read More »

Реј Винстон го прими Почесното срце на Сараево: Фестивалот ги зближува луѓето што се бореа да снимаат филмови, и затоа е уникатен


Актерот Реј Винстон, како признание за неговата извонредна актерска кариера и исклучителен придонес во кинематографијата, синоќа во Националниот театар Сараево го прими Почесното срце на Сараево. „Наградите се смешни работи. И некако најзборувани. А она што го прави ве тера да размислите за причините зошто. Го правам ова 50 години и ве тера да размислите …

Реј Винстон го прими Почесното срце на Сараево: Фестивалот ги зближува луѓето што се бореа да снимаат филмови, и затоа е уникатен Read More »

Жанета Вангели го актуализира прашањето за релевантноста на ликовниот говор: Ретроспективна изложба во Чифте амам


Ретроспективна изложба на Жанета Вангели ќе биде отворена, вечерва, во 20 часот, во „Чифте-амам“. Овој проект на Националната галерија на Македонија финансиски е поддржан од Министерството за култура и туризам. Кураторка на проектот е Маја Крстевска, а стручен соработник е Горанчо Ѓорѓиевски. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, а …

Жанета Вангели го актуализира прашањето за релевантноста на ликовниот говор: Ретроспективна изложба во Чифте амам Read More »

(Фото) „Балканкан“ се врати по 20 години под отворено небо: Дали нешто се сменило на Балканот?


Урбано Скопје синоќа се собра на специјална проекција под ѕвездено небо на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол, во чест на јубилејот– 20 години од премиерата на култната македонска црна комедија „Балканкан“ во режија на Дарко Митревски. На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, актерите Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска, Ирена Ристиќ, Емил Рубен, ѕвездите од К15 – Васко Тодоров …

(Фото) „Балканкан“ се врати по 20 години под отворено небо: Дали нешто се сменило на Балканот? Read More »

СВП во чест на Иван Штрпка и Матеуш Шимчик, добитникот на „Браќа Миладиновци“ ќе се соопшти в сабота


64-тото издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата почнува денес, 21 август.  Фестивалот, кој ќе трае до 25 август, со учество на 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот, традиционално ќе започне со садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ …

СВП во чест на Иван Штрпка и Матеуш Шимчик, добитникот на „Браќа Миладиновци“ ќе се соопшти в сабота Read More »

Со „Бардо“ и „Само на земјата“ ќе се отвори 16. издание на „Македокс“


Отворањето на 16. „Македокс“ ќе се одржи вечер со почеток од 20:30 часот во „Куршумли-ан“. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре, информираат организаторите на настанот. – Филмот „Бардо“ носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна …

Со „Бардо“ и „Само на земјата“ ќе се отвори 16. издание на „Македокс“ Read More »

Актерите од „Диџеј Ахмет“ на црвениот килим во Сараево: Голем успех на македонската кинематографија


„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Ѓеорги М. Унковски, синоќа,  имаше регионална премиера во конкуренцијата за наградата Срцето на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал (15-22 август). На црвениот тепих на најпрестижниот филмски фестивал во регионот и пошироко, зачекори дел од екипата на филмот. Тие отпосле ставија и свои потписи на нивните портрети во фоајето на …

Актерите од „Диџеј Ахмет“ на црвениот килим во Сараево: Голем успех на македонската кинематографија Read More »