„Синеплекс“ затворен до 24 март
Мултиплекс киното „Синеплекс“ во Скопје e затворeно за посетители до 24 март. Откажани се сите филмски проекции во согласност со препораките на Владата за спречување на ширење на корона вирусот.
Мултиплекс киното „Синеплекс“ во Скопје e затворeно за посетители до 24 март. Откажани се сите филмски проекции во согласност со препораките на Владата за спречување на ширење на корона вирусот.
Ве известуваме дека согласно одредбите и насоките на Министерството за здравство, но и како совесни граѓани, го одложуваме јубилејниот концерт на Весна Гиновска Илкова закажан за 18 март 2020 година. Ќе ги следиме насоките на здравствените институции и дополнително ќе известиме за нов термин на концертот. Воедно, известуваме дека сите што до сега купиле билети за …
Одложен јубилејниот концерт на Весна Гиновска Илкова Read More »
САД- Истрагата спроведена од операта во Лос Анџелес откри дека оперската ѕвезда Пласидо Доминго се вклучил во „несоодветно однесување“ со жени помеѓу 1986 и 2019 година, кога тој поднесе оставка како генерален директор на О.Л.А. Истражителите, од адвокатската фирма Гибсон Дан, интервјуирале 44 лица, разгледале илјадници документи и откриле дека 10-те обвиненија за недолично однесување …
Лос Анџелес Опера: Пласидо Доминго несоодветно се однесувал со жените Read More »
Градското кино Милениум и Младинскиот културен ценар согласно препораките на Владата нема да има никакви настани до 24 март.Одговорните лица во двете институции нагласиија дека дополнително ќе информираат за нови термини согласно развојот на ситуацијата со корона вирусот. Во меѓувреме откажани се речиси сите јавни собири особено во затворен простор.
Младинскиот културен ценар и кино Милениум ги одложуваат настаните до крајот на препораката на Владата. За сите нови термини навремено ќе информираат, a публиката која што има купено билети за некој од бројните настани во следниов период, истите ќе може да ги искористи за новите термини.
По тешко боледување денеска почина македонската прозаистка и книжевна преведувачка Тања Урошевиќ, соопшти Друштвото на пистаели на Македонија. Урошевиќ е авторка на романите „Аквамарин“ (2004), „Превид“ (2008) и „Ура, Арал!“ (2019), збирката раскази „Црвена нишка, магнетен прстен“ (2009), заедничката збирка раскази со Влада Урошевиќ „Размена на пораки“ (2013) и книгата „Три новели“ (2017). Член е …
Националната галерија денеска соопшти дека поради потенцијалното ширење на коронавирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство, откажано е најавеното отворање на двете изложби „Соблечени, женскиот акт како контекст“ и „Паднати ангели“. – Сите посетители, почнувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот, секој ден од вторник до недела (освен …
Откажано отворањето на две изложби во Чифте амам Read More »
Франција– Актерот Макс фон Сидоф почина на 90-годишна возраст, изјави денеска неговата сопруга. Сидоф е роден на 10 април 1929 година во шведскиот град Лунд. Тој актерската кариера ја почна во 1951 година, а неколку години се пресели во Малме, каде се запосна со режисерот Ингмар Бергман. Меѓу најпознатите филмови на Сидоф се „Седмиот печат“ …
Италија- Познатата италијанска глумица Орнела Мути денеска го слави својот 65-ти роденден. Потекнува од сиромашно семејство. Татко ѝ починал додека таа била дете. Уште на 13-годишна возраст, девојчето почнало тајни снимања како модел, со што би ѝ помогнала на мајка сѝ да го издржува семејството. По откривањето, Мути едвај не била исфрлена од училиштето. Во …
Бурниот живот не ѝ оставил траги: Орнела Мути денес полни 65 години Read More »
Франција- Коронавирусот крева аларм за престижниот филмски фестивал во Кан, бидејќи француската влада ја продолжува забраната за јавни собири до 31 мај. Во обид да се спречи појавата на коронавирус во Франција, министерот за здравство ја продолжи забраната за собири на повеќе од 5.000 лица на затворени простори до 31 мај, предизвикувајќи загриженост за следното …
По препорака на Владата на Република Северна Македонија поради коронавирусот, НУ Драмски театар Скопје ќе продолжи со прекинот на репертоарот до 13 март годинава. Купените билети, како што информираат од Драмски театар Скопје, ќе може да се заменат за друга претстава или средствата ќе бидат вратени.
На сцена примабалерина, цел живот – дама. Врвната балетска уметница Тања Вујисиќ-Тодоровска (58) би можеле да ја опишеме и со зборовите талент, искреност, страст, живот, емоција, душа, совршенство, харизма, грациозност, авторитет, женственост, оптимизам, љубов, насмевка, успех, слобода, сонце, море, книги, … Омилен лик од културните настани, облечена во минималистички стил, претежно во црно, и со …
Србија– Најновото филмско остварување на македонскиот режисер Милчо Манчевски, филмот „Врба“, вечерва ќе биде премиерно прикажан на 48. меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, режисерот Милчо Манчевски пред преполната прес сала на ФЕСТ во Комбак дворана, изјави дека многу му е драго што е на ФЕСТ, бидејќи …
Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски премиерно на ФЕСТ во Белград Read More »
Министерството за култура информира дека Комисијата во состав:Трајче Блажевски, Имер Бајрами, Џемил Бектович, Агрон Салиу и Александар Андовски, ги разгледа пристигнатите пријави на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од областа на меѓународната дејност за учество на Република Северна Македонија на 17-тата Интернационална изложба на архитектурата во Венеција и одлучи национален претставник на нашата …
Проектот „СЕГА“ ќе не претставува на Меѓународната изложба на архитектура во Венеција Read More »
Националната установа Драмски театар – Скопје денеска соопшти дека согласно препораката на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, го прекинува својот репертоар до 6 март годинава. Согласно ова, како што се наведува во соопштението, откажана е претставата „Луди за љубов“, што требаше да се одигра утре на сцената на овој театар. Билетите доделени како …
Драмскиот театар го прекинува репертоарот до 6 март Read More »
Филмот „Малмкрог“ на Кристи Пују, ја освои наградата за режија во новосоздадената селекција „Encounters” на Берлинскиот филмски фестивал, каде дел од копродукцијата е и нашата продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски и нашата Aгенција за филм. „Малмкрог“ е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија. Главен продуцент е Мандагора од Романија. Во …
Македонската копродукција „Малмкрог“ со награда на Берлинале Read More »
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа награда. На годинашниот конкурс пристигнаа 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција избра 20 наслови, а сега списокот го скуси на десет …
Десет романи во конкуренција за роман на годината за 2019 година Read More »
Германија– Иранскиот филм „Нема зло“ на режисерот Мухамед Расулофа, синоќа ја освои наградата „Златна мечка“ на 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, соопшти претседателот на жирито Џереми Ајронс. Филмот, кој низ четири приказни ги тематизира прашањата на смртната казна во Исламската Република, е забранет во земјата, а на режисерот не му беше дозволено да го напушти …
Иранскиот филм „Нема зло“ ја освои „Златната мечка“ на Берлинале Read More »
Франција- Славниот режисер Роман Полански (86) нема да присуствува на доделувањето на наградите „Цезар“ вечерва во Париз. Наградите се француски еквивалент на американскиот Оскар а неговиот последен филм „Офицер и шпион“ кој освои Сребрена мечка на фестивалот во Венеција , за антисемитски гонења на францускиот капетан Алфред Дрејфус и за неговата погрешна предавство во 1890-тите, …
САД– Јужнокорејскиот филм „Паразит“, победник лани на Канскиот филмски фестивал освои Оскар за најдобар филм, најдобра режија ( Bong Joon-ho), најдобар странски филм и најдобро сценарио, сабајлево, по наше време, во театарот „Долби“ во Холивуд. Најдобар глумец е Џоакин Феникс ((Joker), најдобра глумица е Рене Зелвигер (Judy), Најдобар глумец во споредна улога е Бред Пит, …
92. Оскари: „Паразит“ најдобар филм, „Медена земја“ без златната статуетка Read More »