92. Оскари: „Паразит“ најдобар филм, „Медена земја“ без златната статуетка

САД– Јужнокорејскиот филм „Паразит“, победник лани на Канскиот филмски фестивал освои Оскар за најдобар филм, најдобра режија (  Bong Joon-ho), најдобар странски филм и најдобро сценарио, сабајлево, по наше време, во театарот „Долби“ во Холивуд. Најдобар глумец е Џоакин Феникс ((Joker), најдобра глумица е Рене Зелвигер (Judy), Најдобар глумец во споредна улога е Бред Пит, а Лора Дерн е најдобра глумица во споредна улога (Marriage Story).

Нашиот документарец „Медена земја“  не освои ниту еден Оскар од номинираните два. За најдобар документарец е прогласен „American Factory“ чии продуценти се Мишел и Барак Обама .