Мултимедијалниот проект „Ризом-X“ се изложува во КИЦ во Загреб


Мултимедијалниот проект „Ризом-X“ вечер, од 19 часот, ќе биде изложен во Kултурно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб. Креатори на проектот се авторките Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева во соработка со аудио дизајнерот Горан Москов. „Ризом-X“ е мултимедијален проект, кој низ спацијално аудио-визулени својства ја истражува човековата адаптација низ даденост на реалитети. Авторите […]

Среде воените урнатини во Украина, Банкси сее уметност


  Сред урнатините на војната, цветање на уметноста. Нежна слика на гимнастичарка која стои на раце се појави на ѕидот на урната зграда надвор од Киев и се чини дека е дело на британскиот графити уметник познат како Банкси. Банкси објави фотографии на својата страница на Инстаграм од уметничкото дело во Бородјанка, северозападно од главниот […]

Српскиот кореограф Александар Илиќ во НОБ го поставува современиот балет „Пепелашка“


Првиот солист на Балетот на Народно позориште во Белград Александар Илиќ ги привршува пробите за балетската претстава „Пепелашка“ во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје. Илиќ, кој е и кореограф, професор и основач на Институтот за уметничка игра, како и директор на Културниот центар во Белград, го поставува балетот од Сергеј Прокофјев како современ […]

Ликовна уметност со помош на вештачка интелигенција – Зоран Попоски меѓу врвните светски дигитални уметници во Њујорк


Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски изложува на водечкиот меѓународен саем за дигитална и крипто уметност КАДАФ 2022 во Њујорк, САД, во периодот од 11 до 13 ноември 2022 година. На саемот Попоски ќе се претстави со избор на дигитални уметнички дела од неговото најново творештво, фокусирано на дигитална ликовна уметност создадена со помош на вештачка интелигенција (АИ). „Годинава се случи премиерата во […]

Потегот со четка – налик на две трепкања со очите: Ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе во Чифте амам


Ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски Тофе се отвара во Чифте амам на 15 ноември 2022 (вторник), во 20 часот. Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934 – Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е еден од ретките македонски […]

Филмската писменост иако важна за развојот на децата, останува маргинализирана во образовниот систем


Филмот има големо влијание врз развојот на креативни, критички и културни знаења, вештини и идни компетенции кај децата, а според стручните лица, подеднакво ефикасна алатка е и за зајакнување на мотивацијата за учење. Сепак, со бавно темпо оваа културна уметност се обидува да си го најде своето место во рамките на формално образовниот процес во […]

По 15 години Струмичкиот театар „Антон Панов“ повторно на МОТ


По 15 години Струмичкиот театар „Антон Панов“ со претставата „Циркус Пирандело“ вечер се враќа на Младиот отворен театар (МОТ). Претставата, која неодамна имаше премиера, е селектирана во официјалната програма на 47-мо издание на Фестивалот, кој се одржува од 10 до 19 ноември во Скопје. Според информациите од струмичкиот театар, нивната претстава е во конкуренција на […]

Скулптура направена од железо од отпад поставена во центарот на Босилово


Скулптура направена од железо од отпад, дело на ликовниот уметник Никола Пијанманов, е поставена во центарот на Општина Босилово. Скулптурата е насловена „Атлас“ и го прикажува митолошкиот титан кој е казнет да ја носи на свои раце планетата Земја. Според авторот, оваа скулптура на алегоричен начин го прикажува човекот кој се бори со тежината на […]

Промовиран романот „Татко ми, Босфор“ на тетовскиот автор Јован Илиески


Младиот тетовски писател Јован Илиески вечер го промовираше својот најнов шести роман насловен „Татко ми, Босфор“. Дејствието на романот се случува на самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Oсманлиската држава. Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да […]

Писатели читаа творби за Денот на Скопје


Писателите кои живеат и создаваат во Скопје денеска читаа творби, записи и кратки репортажи посветени на главниот град, во рамки на манифестација „Писателите за Скопје“, организирана од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Оваа манифестација се одржува по повод 13 Ноември – Денот на Скопје. Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во своето обраќање пред почетокот […]

ЕУ вклучена во конзервацијата и реставрацијата на куќата-музеј на Личеноски (фото)


Спомен-куќата „Музеј Лазар Личеноски“ , сместена на кејот на Вардар, под Кале,  е еден од најважните проекти, како за Националната Галерија така и за културната јавност во земјава воопшто заради што и постојано поттикнува голем интерес. Но, воедно, е и проект со кој институциите се соочуваат со најмногу предизвици во неговото реализирање. Зошто? „Станува збор […]

Каква врска има Личеноски со Европската куќа: Реч на евроамбасадорот Дејвид Гир


Европска куќа (Europe House) овој месец со низа настани и оддавање почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964)  го одбележа својот трет роденден. Активностите, организирани заедно со Националната галерија имаа(т) цел да ангажираат разновидна публика. Дел од нив (ќе) се одржаа во Куќата-музеј на Лазар Личеноски, под скопско Кале. Идејата за формирање […]

„Народен непријател“  на МНТ дел од Меѓународниот фестивал на актерот во Црна Гора


Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар (МНТ) утре ќе учествува во натпреварувачкиот дел од програмата на 18. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Во натпреварувачкиот дел од програмата на фестивалот, кој се одвива од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени шест театарски претстави од Црна Гора, Северна Македонија, Србија, […]

Концерт со филмска музика на гудачкиот камерен оркестар „АРКО“


  Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ под диригентска палка на Ерхан Шукри вечер со почеток во 20 часот ќе одржи целовечерен концерт со филмска музика во Музејот на македонската борба. На програмата, како што е најавено, ќе се најдат филмски музички теми од познатите композитори М. Џиакино, Х. Манчини, Х. Цимер, М. Хамлиш, В. Стефановски, Ф. […]

Промоција на книгата „Мајка Слоботка херој на времето“ од Тодор Бурназовски


  Книгата „Мајка Слоботка херој на времето“ од авторот Тодор Бурназовски вечер ќе биде промовирана во Здружението на пензионери – Куманово. На промоцијата ќе се обрати проф. д-р Ферид Мухиќ, а извадоци од книгата ќе чита актерот Горан Илиќ. 

Нов албум „Полихромија“ на македонскиот композитор Михаило Трандафиловски


  Најновиот авторски носач на звук „Полихромија“ ( Polychromy) на македонскиот композитор, виолинист и едукатор Михаило Трандафиловски официјално ќе биде објавен денеска во издание на Метиер (Métier). Албумот е реализиран во соработка со некои од најуспешните музички уметници во Велика Британија, блиски соработници на Трандафиловски, како Питер Шепард Скарвед, Нил Хајд, Линда Мерик, Родерик Чадвик, […]

Операта „Кавалерија рустикана“ вечер во НОБ


  Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Ќе настапат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ, хорот и оркестарот на НОБ. Диригент е Иван Еминовиќ, сценограф Зоран Николовски, костимограф Елена […]

Концерт на Танго трио во КИЦ-Скопје


    Танго трио вечер ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар – Скопје. Во состав на Танго трио се Ајхан Куртов – пијано, Филип Петрески – хармоника и Пламенка Трајковска – виолина и Мартина Митревска – вокал (како гостин). -Танго трио сосема ги проучува и ги пренесува тајните на танго музиката пред аудиториумот, како на концертната […]

Дуодрамата „Кислород“ на битолскиот театар го отвора 47. издание на МОТ 2022


  Од денеска почнува 47-то издание на Младиот отворен театар – МОТ, еден од најстарите театарски фестивали во регионот со интернационална програма. На сцените на Младински културен центар, „Public room“ и КЦ Јадро во наредните денови до 19 ноември фестивалот ќе донесе 23 продукции односно 25 програмски активности.   – Моќта на театарот и театарот […]

„Вида“ – Концерт на Филхармонијата и виолинистот Владимир Костов


  Оркестарот на Филхармонија, вечер во 20 часот, ќе одржи концерт насловен „Вида“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Владимир Костов. Гостин на концертот е чембалистката Цветанка Созовска. На програмата се дела од Корели, Вивалди, Порпора и Рихтер.  Владимир Костов (1975) е роден во Битола каде што го започнува своето музичко образование. Студиите по виолина […]