Комеморација во МНТ во чест на Катерина Крстева (1941 – 2023)


РСМ НУ Македонски народен театар известува дека на 12 јануари (четврток), во 12 часот, во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познајници ќе ѝ оддадат почит.

Во спомен на Кате – актерка со ведар дух, која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа.

Вечен спомен!