Драмски театар гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Белград


 По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА Група Триглав од 1 до 6 декември ќе се одржи во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува на 2 декември со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“. Со оваа претстава театарот годинава гостуваше на регионалните …

Драмски театар гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Белград Read More »

Стивен Спилберг има Ковид, ги пропушти наградите „Готам“


  САД– Стивен Спилберг требаше да и ја додели на почеста на Мишел Вилијамс  на наградите Готам , но ги пропушти бидејќи има Ковид. Variety дознава дека режисерот на „The Fabelmans“ бил позитивен пред отворањето на црвениот тепих за годишната гала, но Пол Дано ја потврди веста кога го замени Спилберг за почитта на Вилијамс. …

Стивен Спилберг има Ковид, ги пропушти наградите „Готам“ Read More »

„Од Климента до Блажета“ – нова книга на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ


Од печат деновиве излезе книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов, публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје, и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор во пензија и македонски книжевен историчар и теоретичар. Книгата „Од Климента до Блажета“ се состои од три дела. Првиот дел содржи 12 радио – интервјуа …

„Од Климента до Блажета“ – нова книга на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ Read More »

Од Џејмс Браун до Френк Синатра-  концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Центарот за култура


Вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за култура во Битола, под диригентската палка на Марјан Бакревски пред битолската публика ќе настапи возобновениот Битолски дувачки оркестар кој од 2015 година изненадува со интересни тематски репертоари на своите настапи.  „Џез, фанк и соул звуци со познатите хитови на Џејмс Браун, Френк Синатра и Стиви …

Од Џејмс Браун до Френк Синатра-  концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Центарот за култура Read More »

Отворен конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ


Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните награди за најдобри книжевни остварувања во календарската 2022 одина, чии автори се членови на асоцијацијата. Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците …

Отворен конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ Read More »

Краткиот игран филм „Шеќерни луѓе“ на фестивал во Франција


Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски денеска од 16:30 часот и в петок (2 декември) од 14 часот ќе биде прикажан во меѓународната селекција на 40-тиот филмски фестивал „Tous Courts“ во Екс-ан-Прованс, Франција.   Како што соопшти „Сузи Кју продукција“, филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм и досега …

Краткиот игран филм „Шеќерни луѓе“ на фестивал во Франција Read More »

„Мојот дневник“ – изложба на Беди Ибрахим во Истанбул


Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Турција, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мојот дневник“ на Беди Ибрахим. Творештвото на Беди Ибрахим во изминативе децении сведочи за импресивно мултимедијално творештво, каде е присутна основната идеја и мотив за концептот на неговите преокупации и личниот уметнички ракопис. Тој твори во …

„Мојот дневник“ – изложба на Беди Ибрахим во Истанбул Read More »

Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски


Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечер од 19.19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе ја промовира книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски. Изданието е по повод 85 години живот и 65 години творечка дејност на Павловски – писател, енциклопедист и публицист. – Веднаш по појавувањето во 1990 година, култниот роман на Јован Павловски „Сок …

Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски Read More »

Изложба на скулптури на Славчо Спировски  во македонскиот КИЦ во Загреб


Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа беше отворена самостојната изложба „Аголност на илузијата на пакетирањето“ на скулпторот Славчо Спировски, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Директорката на Центарот, Наталија Поповска истакна  дека ѝ е особено драго што токму концептуалната уметност на Спировски го заокружува годинашниот циклус изложби што во хрватската престолнина ја претставуваат македонската …

Изложба на скулптури на Славчо Спировски  во македонскиот КИЦ во Загреб Read More »

„Поклони се и почни“- промоција на нова сликовница и работилница за деца


Новата книга за деца „Поклони се и почни“, со текст на Владимир Лукаш и илустрации од Љубиша Камењаров, ќе биде промовирана на втори декември (петок), во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на сликовницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера …

„Поклони се и почни“- промоција на нова сликовница и работилница за деца Read More »

„PRESS : Точки на интерес“- дел од фотографската ризница на Живко Јаневски на изложба во КИЦ


Сто и десет дигитално испечатени фотографии од фоторепортерот и дојаен на македонската фотографија Живко Јаневски (1940-2000) содржи изложбата „Точки на интерес“ која ќе се отвори на 1 декември во 19:30 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Станува збор за истражувачки проект од 2020 година во Музејот на Град Скопје на Одделот за современа …

„PRESS : Точки на интерес“- дел од фотографската ризница на Живко Јаневски на изложба во КИЦ Read More »

„Кајмак“ за 10 дена го видоа 13.000 гледачи низ цела Македонија


За само 10 денови од прикажување, филмот „Кајмак“ по сценарио и во режија на Милчо Манчевски, го видоа 13.000 гледачи низ цела Македонија. „Кајмак“ наскоро почнува да се прикажува и во странство. Во преговори се повеќе земји, а засега се потврдени: Грција, Данска, Хрватска, Кипар, Србија, Тајван и САД. По гала премиерата во Македонската филхармонија …

„Кајмак“ за 10 дена го видоа 13.000 гледачи низ цела Македонија Read More »

Кинотеката во декември нуди богата понуда на европски класици и домашни филмски остварувања


Декември е последниот месец во годината, месецот пред новогодишните и божиќните празници, месец кога се трошат најмногу пари за убави нешта, се прават ретроспективи на сите активности и случувања од целата година. Овој декември Кинотеката ќе понуди програма која, посочуваат, со сигурност ќе ве натера да излете од дома и да ја посетите нашата кино сала, бидејќи …

Кинотеката во декември нуди богата понуда на европски класици и домашни филмски остварувања Read More »

110 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски, основоположник на македонската фолклористика


Институтот за македонска литература со научен собир одбележа 110 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски (1912-2004), основоположник на македонската фолклористика, и половина век од објавувањето на целокупниот опус на собирачот на народни умотворби Марко Цепенков, во 10 тома од редакција под раководство на Пенушлиски. – Цепенков и Пенушлиски ги врзуваа многу работи – нивната долговечност, …

110 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски, основоположник на македонската фолклористика Read More »

Стенд ап шоу на актерот Бојан Кирковски во МКЦ


Вечерва во 20 часот, во Младинскиот Културен Центар, за прв пат на сцената во Кино Фросина, младиот актер Бојан Кирковски ќе настапи со своето стенд-ап шоу со наслов Let’s Get Loud! За шоуто Skopje Comedy велат: Актерот Бојан Кирковски реши да зборува за нихилизмот, алтуризмот и стоицизмот. Но, не разбираше ништо од тоа, па затоа реши да …

Стенд ап шоу на актерот Бојан Кирковски во МКЦ Read More »

Ретроспектива со филмови на Јиржи Менцл во Кинотека од 1 до 11 декември


Кинотеката во соработка со Амбасадата на Чешката Република од 1 до 11 декември организира  рертоспектива со филмови на легендарниот чешки режисер и актер  Јиржи Менцл (1938-2020). Ќе биде отворена со филмот „Строго контролирани возови“, негов дебитантски долгометражен игран филм со кој во 1967 година освои „Оскар“ за најдобар странски филм. До 11 декември, во термините од …

Ретроспектива со филмови на Јиржи Менцл во Кинотека од 1 до 11 декември Read More »

„Раатот не можеш да го купиш“- електро-акустична ѓурулитија со Џијан Емин во Филхармонија


Во четврток, во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите. „Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван …

„Раатот не можеш да го купиш“- електро-акустична ѓурулитија со Џијан Емин во Филхармонија Read More »

Научен собир за Пенушлиски и Цепенков во Институтот за македонска литература


По повод 110 години од раѓањето на македонскиот фолклорист Кирил Пенушлиски и 50 години од објавувањето на целокупниот опус на Марко Цепенков во 10 тома денеска во 12 часот во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков” во Скопје, ќе се одржи научен собир на Институтот за македонска литература. Како што информираат организаторите на настанот се очекува …

Научен собир за Пенушлиски и Цепенков во Институтот за македонска литература Read More »

Промовиран романот „Тарафот“ од Петар Трајков


Во автентичен  книжевно  афирмативен  амбиент на Метаноја кафе во Скопје во сабота  се одржа промотивно читање на  книгата „Тарафот“ од Петар Трајков од Струмица.  Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот. И негова интерпретација.  Модел  кој авторот го избрал како  актуелен во земјите со искусна читачка публика. Промовирање со …

Промовиран романот „Тарафот“ од Петар Трајков Read More »

Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ добитник на „Златната тула“ на „Анимакс Скопје Фест“


Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ на авторот Кс Жанг е овогодинешниот добитник на „Златна тула“ на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот анимиран филм „Со негова милост“, додека „Бронзената тулa“ ја доби корејскиот филм „Куклена приказна“ на авторот Парк се Хонг. За …

Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ добитник на „Златната тула“ на „Анимакс Скопје Фест“ Read More »