Ревија на етнолошки документарни филмови во Музејот на Македонија
Ревија на етнолошки документарни филмови организира утре Музејот на Македонија во рамки на манифестацијата „Европски денови на културното наследство“. Ревијата ќе почне во 10.30 часот и ќе прикаже три филма: италијанско-британскиот „Оние кои останаа“ во режија на Аријана Наци од 2017 година, турскиот „Необични луѓе“ на режисерот Орхан Текоглу од 2016-та и филмот од Етиопија […]