Заради три тетоважи на Путин: Откажан настапот на балетанот Полунин во Милано


Италија– Tеатарот „Арчимболди“ во Милано го откажал настапот на балетанoт Сергеј Полунин, кој има три тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин. Тој требало да настапи во овој театар на 28. и 29. јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Додаваат …

Заради три тетоважи на Путин: Откажан настапот на балетанот Полунин во Милано Read More »

Темишвар, Веспрем и Елевсина – европски престолнини на културата во 2023


Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година. Ја преземаат од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022-ра го славеа европското културно наследство. Грција по четврти пат ќе биде домаќин на целогодишната програма од проектот на ЕУ – Европска престолнина на …

Темишвар, Веспрем и Елевсина – европски престолнини на културата во 2023 Read More »

Мојсова-Чепишевска: Македонскиот збор уште посилно да одекне низ светот


Дали направивме доволно оваа година, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори …

Мојсова-Чепишевска: Македонскиот збор уште посилно да одекне низ светот Read More »

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Австрија– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“ го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот австрискиот диригент Франц Велсер-Мост. Франц Велсер-Мост ужива особено блиско и продуктивно …

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур Read More »

„Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли најбарана книга за 2022 година во „Матица“


  „Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли е најбараната книга за 2022 година, изјави Александра Костовска, која 18 години е дел од тимот на издавачката куќа „Матица“. – Оваа семејна сага е најпродавана книга годинава. По неа следува трилерот „Последниот преживеан“ од Тес Геритсен. На трето место е „Клетва“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, најпознатата српска авторка …

„Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли најбарана книга за 2022 година во „Матица“ Read More »

Привршува изведбата на фасадата на Турскиот театар во Скопје кој се гради од 2014


Привршува изведбата на термофасадата и целосната стаклена фасада со нејзината конструкција и потконструкција на новиот објект на Турскиот театар во Скопје, кој почна да се гради пред осум години. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека при крај е и изведбата на покривот, а следна фаза се инсталатерските работи, објави СДК.мк.  

„МакеДокс“ преку платформата „Глеј“ овозможува бесплатни документарци до 20 јануари


Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“, информираат од фестивалот. Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови. Наградените документарни филмови на …

„МакеДокс“ преку платформата „Глеј“ овозможува бесплатни документарци до 20 јануари Read More »

„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, по нецел месец, со второ издание


„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски го доживува своето второ издание. За помалку од еден месец секој примерок од првиот тираж си го најде својот дом во срцата на читателите. „Ова е доказ за тоа колку македонската читателска публика е гладна за квалитетни книги од домашни автори. Како со години да чекале да се случи …

„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, по нецел месец, со второ издание Read More »

Од „Паркети“ до „Фолтин“- промовирана музичката компилација „Битола е градот“


Агенцијата за мода, култура и уметност „Метрополис“ – Битола во соработка со НУ Центар за култура, промовира музичка компилација „Битола е градот“. Станува збор за ЦД со 22 композиции од исто толку различни изведувачи, проект поддржан од Општина Битола и печатница „Графопром“, истакна Илија Талев, креатор и реализатор на проектот. – „Битола е градот“ е …

Од „Паркети“ до „Фолтин“- промовирана музичката компилација „Битола е градот“ Read More »

МКЦ беше „покорен“ на прославата на неговите 50 години (галерија)


  Не може да се избројат луѓето кои вчера цел ден одеа како на аџилак во Младинскиот културен центар во Скопје. Тоа беа илјадници души, претежно млади, но и возрасни, кои дојдоа да му одадат почит на центарот кој во 1972 година беше основан како Дом на млади „25 Мај“, а на почетокот на независноста …

МКЦ беше „покорен“ на прославата на неговите 50 години (галерија) Read More »

Пучини, Верди, Штраус – гала оперски концерт за празникот Василица во НОБ


На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) во 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023. Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети …

Пучини, Верди, Штраус – гала оперски концерт за празникот Василица во НОБ Read More »

Денес започнува прославата за 50 години МКЦ


Со целогодишната програма по повод јубилејот 50 години МКЦ, Младинскиот културен центар денес на пладне ги отвора своите врати за сите посетители, токму онака како што биле отворени далечната 1972 година на 28 декември. Целодневната програма која буквално ќе исполни секое ќоше на МКЦ, започнува во 12 часот со програма за најмладите, односно отворени предавања …

Денес започнува прославата за 50 години МКЦ Read More »

Првпат од 1991 година објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик


За првпат од 1991 година е објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик. Деновиве, во Љубљана излезе од печат двојазичната книга „Смешна случка во зоолошка градина – Smešnica v živalskem vrtu“ со песни од македонски автори, со која преку креативни работилници, македонската литература за деца ќе биде присутна во градинките …

Првпат од 1991 година објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик Read More »

Благоја Варошанец од МСУ избран за претседател на МНК ИКОМ


На редовното Изборното Собрание на Здружението МНК ИКОМ, одржано на ден 26.12.2022 година во НУ Музеј на Република Северна Македонија, за претседател на МНК ИКОМ е избран Благоја Варошанец (НУ Музеј на современата уметност-Скопје, за секретар Ана Вишинова (НУ Музеј на македонската борба за самостојност-Скопје), и за членови на Извршниот одбор Страхил Петровски (НУ Национален конзерваторски центар Скопје), …

Благоја Варошанец од МСУ избран за претседател на МНК ИКОМ Read More »

Концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила вечер во Филхармонија


Во Филхармонија вечер ќе се одржи новогодишен концерт на Здружението на џез музичари (ЗЏМ) биг бенд и американскиот џез тромбонист по потекло од Костарика, Луис Бонила. Џез тромбонистот Луис Бонила е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во …

Концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила вечер во Филхармонија Read More »

„Белиот“ – новиот филм на Игор Иванов-Изи доби најмногу пари од Агенцијата за филм


Филмот „Белиот“ на Игор Иванов-Изи, доби 44 милиони денари или над 715.400 евра од Агенцијата за филм на Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2022 во втор рок на одлучување, објави Агенцијата. Иванов, актуелен претседател на Друштвото на филмските работници (ДФРМ), за својот четврти долгометражен …

„Белиот“ – новиот филм на Игор Иванов-Изи доби најмногу пари од Агенцијата за филм Read More »

„Повеќе од зборови – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива“ – изложба во Музејот на РСМ


На 28 декември, во 13 часот, ќе биде отворена изложбата „Повеќе од зборови  – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива“ во Музејот на Република Северна Македонија. Изложбата се реализира во чест на креативниот мајстор на фотографијата и неговите фотографски афинитети и светогледи. „Работата на фотографот и снимател Благоја Дрнков дава значаен придонес кон унапредувањето на …

„Повеќе од зборови – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива“ – изложба во Музејот на РСМ Read More »

Промоција на книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ


Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов, публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, универзитетски професор во пензија и познат македонски книжевен историчар и теоретичар. Книгата „Од Климента до Блажета“ се состои од …

Промоција на книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ Read More »

Врачување на наградата „Даница Ручигај“ во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија денеска на пладне ќе биде врачена наградата „Даница Ручигај” на поетесата Вања Изова Велева за книгата „Место за бегство”. Соопштението за наградата ќе го прочита Васил Дрвошанов, претседател на жири-комисијата за наградата. Како што информираат од ДПМ, свеченоста ќе биде збогатена и со промоција на книгата „Посеани соништа”, во …

Врачување на наградата „Даница Ручигај“ во ДПМ Read More »

Сојузот на музички уметници на Македонија избра ново раководство


На изборното собрание на Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ), кое се одржа на 17 декември во Кинотеката на Република Северна Македонија, беше избрано новото раководство на СМУМ. За претседател на Управниот одбор на СМУМ, кој воедно е и претседател на СМУМ, повторно е избран проф. м-р Љубиша Кировски. Членови на Управниот одбор се …

Сојузот на музички уметници на Македонија избра ново раководство Read More »