Костадиновска-Стојчевска на отворањето на „Охридско лето“: Без уметноста, животот би бил неподнослива празнина
На Античкиот театар во Охрид, во присуство на многубројни домашни гости, но и гости од странство, синоќа, свечено беше отворено 63. издание на најреномираната музичко-сценска манифестација со интернационален предзнак, „Охридско лето“. Фестивалот започна со концертот на светски позната оперска дива од Романија, Анџела Георгиу, која настапи со Оркестарот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија и под диригентската палка на […]